АЦЕВСКИ: Груевски го призна поразот на владините политики во делот на енергетиката

3 март, 2014
Изјава за дневниот весник „Слободен печат“ на потпретседателот на НСДП, проф.д-р Николче Ацевски: 
 nikolce_nsdp
Универзитетскиот професор по електротехника Николче Ацевски, член на НСДП, смета дека директорските смени во енергетиката требаше да се направат многу порано бидејќи старите тимови не изградија ниту еден енергетски објект и за 8 години дозволија да се увезе енергија за 1,2 милијарди евра со што Македонија стана увознозависна земја со увоз од над 30  проценти од произведената електрична енергија во државата.
-Самиот Груевски го призна поразот на владините политики во делот на енергетиката и се одлучи за комплетна смена на сите раководни структури во овие енергетски компании, нешто на кое ние како НСДП укажуваме дека е неопходно потребно, постојано, скоро 3 години. Овие смени требаше да се направат и многу порано бидејќи вложувањата во енергетските објекти можат да генерираат раст и развој и отварање на нови работни места – рече  Ацевски на собраниската расправа за избор на член на Регулаторната комисија за енергетика.
Повеќе на порталот ПЛУСИНФО :

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство