Режимот на Груевски преку продолжената рака „МВР на ВМРО-ДПМНЕ“ употребува сила врз стечајците

18 февруари, 2014
Соопштение за медиумите и јавноста:
 nsdp-logo
Денес режимот на Груевски уште еднаш го покажа вистинското лице, преку нивната продолжена рака МВР на ВМРО-ДПМНЕ повторно прекумерно употребува сила против стечајните работници.
ВМРО-ДПМНЕ наместо да покаже сенс за маката на оваа група граѓани и да предложи вистинско сеопфатно законско решение со кое конечно ќе им го реши статусот, тие преку полицијата насилно се однесуваат кон стечајните работници кои протестираат затоа што немаат егзистенција и бараат решавање на нивниот статус.
НСДП осудува секаков вид на полициско насилие и бруталност кон граѓаните, особено ако е во функција на заплашување и оневозможување на демократското право на стечајците да протестираат и да се борат за нивните права.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство