Собрание на РМ, Прес-конференција на Координаторот на Пратеничката група на НСДП, Горан Мисовски:
Почитувани,
Не помина ни една недела откако скоро сите пратеници ги подржаа измените на Изборниот законик, а премиерот Груевски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ почнаа веднаш да го прекршуваат. На истиот ден кога Трајко Вељаноски ги распиша претседателските избори, Владата си ја продолжи медиумската кампања со пари од Буџетот, си распишуваат тендери за јавни набавки, а неколку државни институции, спротивно на законот, распишаа голем број на огласи за вработувања.
Министерството за правда, Министерството за животна средина, Агенцијата за странски инвестиции, Централниот регистар, Јавното претпријатие за државни патишта, Јавното претпријатие „Македонски шуми“, а АД „Елем“ има распишано оглас за вработување на двајца советници на генералниот директор со плата од 50.297,00 денари. Во изминатите изборни циклуси секој нововработен во држаната администрација имаше партиска обврска да обезбеди најмалку по 15 гласачи за ВМРО-ДПМНЕ за да го оправда вработувањето, а исто така бевме и сведоци на уцени за инвитро оплодување, за обезбедување на соодветен број на гласачи.
Го прашуваме премиерот Никола Груевски колку гласачи за ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да обезбедат новите советници во кабинетот на директорот на АД „Елем“ за да ги оправдаат работните места.
Станува повеќе од јасно дека Никола Грувски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе водат прљава изборна кампања, со изборен поткуп на гласачи, со зллоупотреба на државни пари и со класично прекршување на Изборниот законик, за што се предвидени и затворски казни. Најверојатно е дека и договорот за донесување на Изборен законик со консензус го третираат како документ кој што е потпишан на тоалет хартија, исто како што ги толкуваа заклучоците за настаните од „24 декември“ минатата година.
Бидејки на самиот старт на изборниот процес Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ одлучија да го прекршат Изборниот закон притоа неплашејки се од било каква можност за кривична одговорност, НСДП предлага, до Трајко Вељановски и до сите пратеници во Собранието, под итно да се изнајде деловничка можност за измени во Изборниот законик, за секој оној кој што повторно ќе го прекрши, да му се забрани да учествува на престојните избори, затоа што на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно неможе да им се верува.
ПРИМЕР: ВРАБОТУВАЊЕ ВО АД „ЕЛЕМ“
Оглас Бр.633963
АД „Електрани на Македонија” – Скопје
Регион: Скопски,
Објавен од: Вечер,
Објавувач: АД „Електрани на Македонија” – Скопје
Популарност на компанијата:
Област: Администрација
Работно Место: Советник
Број на работни места: 2
Тип на работно место (постојано времено): Постојано
Објавен на: 01/02/2014
Краен рок за пријавување: 07/02/2014
Оглас внесен на: 02/02/2014
……………………………………………….ИТН.
Потребни Квалификации: ВСС
Работно искуство:5години
Целосен оглас:
Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи пречистен текст Сл.весник бр.54/2013 година и член 5, 7, 8 и 9 од Колективниот договор на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост Скопје, а во врска со Одлуката за потреба од засновање на работен однос бр.04-620/1 од 31.01.2014 година АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА СКОПЈЕ објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
За потреба од засновање на работен однос во Дирекција, АД ЕЛЕМ – Скопје, за извршување на работи на неопределено време, за следното работно место:
– 2 (два) извршители на работно место „Советник“ во Кабинет на Генералниот директор
Кандидатите покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат и следните посебни услови: VII/1 степен, Високо стручно образование, 5 години работно искуство
Паричниот износ на основната плата е 50.297 денари.
Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок. Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно, а во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од 07:30 – 08:00 часот до 15:30 – 16:00 часот.
Огласот трае пет работни дена од денот на огласувањето.
…………………………………………………………………..итн.
Линк на кој може да се најде огласот:
http://www.najdirabota.com.mk/vacancy.aspx?vacancy=633963