17 ноември, 2026

На денешен ден, пред 35 години, на 17 ноември 1991 година, беше донесен Уставот на Република Македонија – највисокиот и најзначајниот правен акт на државата.
Уставот е темелот на македонската државност, суверенитетот и независноста, но и гаранција за демократијата, владеењето на правото, слободите и правата на граѓаните.
По повод 35-годишнината од донесувањето на Уставот, НСДП потсетува на значењето на овој историски датум, на историските одлуки и генерациите кои придонесоа за создавањето и развојот на независна македонска држава.
Почитувањето на Уставот не е само правна обврска, туку темелна одговорност на сите, особено на институциите кои се должни да го штитат и доследно да го спроведуваат.
Уставот е темелот на државата, а неговото почитување е обврска на сите нас.





