ПЕТКОВСКИ ЗА ТВ 24: ПОТЕГОТ НА ЗАЕВ Е ЗА ПОЧИТ ВО УСЛОВИ НА ЛОШИ МОМЕНТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА

4 март, 2021

Тито Петковски претседателот на НСДП во 24 анализа рече дека денешната изгласана доверба на владата е мудар потег на Заев. Легимитетот на владата бил оспоруван од опозицијата и сметаа дека владата го изгуби мнозинството во парламентот. Во прилог на таквите очекувања беа две-три партии кои се од заедничката коалиција и најавија самостоен настап во Собранието во најклучните моменти.

„Она што се случува во ДУИ е присутно долго време. Имате луѓе кои ја оспоруваат потребата двајца министри од ДУИ да бидат во владата. И тие ситуациии емитуваат во јавноста перцепции дека владата е на стаклени нозе.“ – рече Петковски.

Петковски смета дека според уставот, за шест месеци опозицијата може повторно да бара интерпелација. Смета дека Заев докажа дека владата е на стабилни нозе и покрај проблемите. Тоа е потег за почит во услови кога се совпаднаа лоши моменти на политичката сцена. Вели дека тоа е добро за граѓаните, за да се олесни чувството кај граѓаните дека владата во секој момент може да падне, а сега владата може да се посвети на остварување на изборната програма.

Повеќе на страната на 24.mk

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство