Петковски за МКД.мк: Берлин ѝ даде сила на Софија

Загрижувачка атмосфера владее во Европската Унија во поглед на европската интеграција на Македонија и може да се заклучи дека нашата држава е во многу тешка ситуација. Бугарија не би можела да биде така силна кон Македонија, да стави вето, да инсистира на прашања од историјата и да навлегува во идентитетските работи, доколку зад неа не стои една Германија која го засилува своето влијание на Балканот, но и во Европа, вели за проталот МКД.мк Тито Петковски, долгогодишен политичар, лидер на НСДП. На глобално ниво се случуваат големи промени, тоа стана појасно за време на пандемијата, нагласува Петковски.

Одговорот што премиерот на Хрватска Андреја Пленковиќ му го даде на пратеникот во Саборот Бојан Главашевиќ на неговото прашање што ќе стори хрватската влада за да ѝ помогне на Македонија, а во кој е наведено дека Хрватска „се залага за решавање на јазичното прашање” и дека стапила во контакт со бугарски официјални лица, е само уште еден аргумент плус кој го потврдува мојот став како оправдан дека зад таа политика кон Македонија во рамки на ЕУ Софија не е сама, вели во разговор за МКД.мк Тито Петковски.

Целата изјава може да се прочита ОВДЕ(МКД.мк)

Најново

Честит 1 Мај!

Трајковски за „Фактор“: Со отчетност и одговорно работење може да го изградиме секој капитален проект во државата

Петковски: Договорот Заев – Мицкоски е пред едно огромно минско поле кое што се нарекува Собрание – никој не може да очекува што и каде ќе експлодира

Трајковски: Предложивме измени на Законот за домување за решавање на проблемите со станбеното домување и диво вселените лица

ПЕТКОВСКИ ЗА ТВ 24: ПОТЕГОТ НА ЗАЕВ Е ЗА ПОЧИТ ВО УСЛОВИ НА ЛОШИ МОМЕНТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП