НСДП: Образованието да биде национален приоритет

Соопштение за медиумите и јавноста:

Во однос на реформата на основното образование кое се најавува од страна на Министерството за образование и наука, НСДП цени дека повеќе од потребни се квалитативни промени кои ќе не поместат од дното на светските рангирања за писменост во Северна Македонија. Потребен е инклузивен процес на дијалог и дебата, во кој ќе бидат вклучени сите чинители од кои зависи испорачувањето на квалитетни резултати во оваа сфера. Освен институциите на системот, како неизоставен дел од напорите за подобрување на состојбите со образованието потребно е активно да бидат вклучени сите засегнати страни, како што се наставниците, професорите, учениците и родителите.

Квалитетното образование да се постави како врвен национален приоритет,  со јасно формулирани цели и методи на развивање на способностите, знаењата и вештините на учениците. Само на тој начин може да го направиме првиот исчекор кон воспоставување на модерен и динамичен образовен систем од кои ќе излегуваат оформени и слободоумни млади генерации, оспособени за предизвиците кои ги носи иднината.

НСДП смета дека најнапред е потребно е да се води сметка целокупниот образовен процес да биде ослободен од стереотипите и предрасудите, од идеолошките и политичките митови, образованието да прерасне во мост на разбирање помеѓу младите генерации со различна етничка припадност и различни погледни на определени општествени процеси.

Унапредувањето на материјалните аспекти и реалното профункционирање на вистинско бесплатно образование, цениме дека претставуваат цели кои заслужуваат внимание во дебатата која се отвора за реформа на основното образование.  Ослободувањето на родителите од трошоците кои ги имаат за своите деца за оброк, посети на музеи, училишни екскурзии, како и за различни наставни помагала кои се неопходен дел од образовниот процес, се прашања кои заслужуваат одговор од институциите на системот. Приоритет треба да добие и надминувањето на лошите материјално-технички и санитарни услови кои постојат во еден дел  на училиштата во руралните средини, каде учениците немаат ниту пристојни хигиенски услови.

Состојбите со основното образование директно влијаат на високиот степен на неписменост кај млади генерации, со акумулиран потенцијал да наштети на севкупниот општествен и економски развој на државата. Ова е системски проблем кој бара ургентно надминување, но истовремено е потребно фокусот да биде проширен и на унапредување на состојбите во средното и високото образование. Затоа НСДП смета дека е потребно да се постави јасна цел во наредните 10 години како држава да дојдеме на ниво на писменост од 98%, а трошоците за образованието кои државата ги издвојува да достигнат 5% од вредноста на БДП на земјава.

Со зајакнувањето на финансиските основи на образованието ќе се унапреди материјалниот и општествен статус на наставниците и професорите, нивната професионална мотивираност за усовршување и самообразование. Преку програми за интензивна дополнителна обука, квалификација, доквалификација или преквалификација да добиеме наставници кои ќе бидат воспитувачи, а не строги судии. Издвојувањето на поголеми финансиски средства за образованието ќе значи квалитетна и компетентна настава  во сите степени на образовниот процес.

Најново

Честит 1 Мај!

Трајковски за „Фактор“: Со отчетност и одговорно работење може да го изградиме секој капитален проект во државата

Петковски: Договорот Заев – Мицкоски е пред едно огромно минско поле кое што се нарекува Собрание – никој не може да очекува што и каде ќе експлодира

Трајковски: Предложивме измени на Законот за домување за решавање на проблемите со станбеното домување и диво вселените лица

ПЕТКОВСКИ ЗА ТВ 24: ПОТЕГОТ НА ЗАЕВ Е ЗА ПОЧИТ ВО УСЛОВИ НА ЛОШИ МОМЕНТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП