Во новата 2021 година политички сплотени и посветени да продолжиме Северна Македонија да ја градиме и развиваме

Почитувани сограѓани,

Ја завршуваме 2020 година во сенка на пандемијата на КОВИД – 19, позади нас оставаме една тешка година која бараше од целото општество и државата целокупната енергија и капацитети да ги насочат кон заштита на здравјето и спречување на ширењето на болеста. НСДП изразува надеж дека наскоро ќе се ослободиме од товарот кој демнее над нашето здравје и безгрижно во наредната година ќе продолжиме да чекориме кон градење на подобро, поправедно и побогато општество.

Остануваат уште многу задачи и проблеми кои треба да ги надминеме. Потешкотиите кои ни се испречија на патот кон ЕУ не треба да не демотивираат и обесхрабруваат во заедничките определби и стремежи европските вредности да ги вградиме во функционирањето на институциите.

Во новата 2021 година политички сплотени и посветени да продолжиме Северна Македонија да ја градиме и развиваме, да создаваме цврсти и професионални институции во кои граѓаните веруваат, да создаваме стимулативни услови за раст и развој на економијата, да ја подобриме благосостојбата и ја намалиме сиромаштијата.

Како политичка партија изразуваме надеж дека и во наредната година почитувањето на човековите права, владеењето на правото, слободата, солидарноста и еднаквоста  ќе останат вредносни импeративи на политичкиот живот во Северна Македонија.

Ви посакуваме многу здравје, среќа и радост во новата 2021 година.

Најново

Честит 1 Мај!

Трајковски за „Фактор“: Со отчетност и одговорно работење може да го изградиме секој капитален проект во државата

Петковски: Договорот Заев – Мицкоски е пред едно огромно минско поле кое што се нарекува Собрание – никој не може да очекува што и каде ќе експлодира

Трајковски: Предложивме измени на Законот за домување за решавање на проблемите со станбеното домување и диво вселените лица

ПЕТКОВСКИ ЗА ТВ 24: ПОТЕГОТ НА ЗАЕВ Е ЗА ПОЧИТ ВО УСЛОВИ НА ЛОШИ МОМЕНТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП