Мираковска од маршот „Чекориме за правда“: Како законодавна власт го поправивме системот, сега се судовите на ред да донесат правда

18 февруари, 2020

Обраќање, Соња Мираковска, пратеничка од НСДП и парламентарното мнозинство предводено од СДСМ

Ми претставува чест што денеска ќе говорам на овој собир.

Чекориме за правда затоа што борбата за правда се уште не е завршена. Правдата не е ниту поезија ниту парола. Правдата е храброст, чесни луѓе, ефикасност но правдата пред се е систем. Што правевме овие години, го поправавме системот за да навистина се дојде до правда, тоа беше нашата работа во Собранието и тоа го заокруживме со вчерашниот ден со ЗЈО и со законот за совет на Јавни обвинители.

Морам да кажам дека овој систем кој досега владееше има фалинки и празнини кои беа користени силно против граѓаните. Законот за новата кривична постапка беше донесен далечната 2010 година, повеќе од 7 години имаме правосуден систем каде Јавното обвинителство не може да си ја изврши комплетно својата функција, тоа беше нашата заложба за да може да се доведе во ред, за да одговори на предизвиците. Но што се случуваше од 2013 до 2016 година, силно се газени човековите права, многу монтирани случаи, пресудени граѓани без докази.

Ни беше важно да го донесеме ЗЈО но тоа да го направиме со консензус, ако се движите кон НАТО и ЕУ вие сакате клучните закони кои се важни за сите, да ги донесете со консензус. Но не успеавме ВМРО-ДПМНЕ немаше намера да се вклучи во процесот. За нив беше важно да се заштити криминалот и нивната врхушка која преку луѓето кои се во Парламентот не сакаше да дозволи да дојдеме до решение кое ќе биде заедничко за сите. Но ова беше важно.

И на крај не добивме услов за влез во ЕУ, но добивме опомена дека исклучително е важно за да може да функционира системот, да го донесеме законот за јавно обвинителство, а зошто не сакаше ВМРО-ДПМНЕ? Затоа што сакаа сите предмети на СЈО да бидат уништени. Но тоа не се случи во новиот ЗЈО и никој да не се сомнева. Во ЗЈО нема амнестија и предметите од СЈО се заштитени и ќе се процесираат до крај.

Горди сме сите што вчера во Парламентот го изгласавме законот за јавно обвинителство, можеме слободно да кажеме дека успеавме последниот ден од нашето престојување во Собранието. Тоа беше мачен и тежок ден.

Јас сакам да им се заблагодарам на сите колеги кои беа храбри и мудри, кои помогнаа оваа одлука да ја донесеме. Донесовме еден важен и значаен закон за нашата иднина, закон кои многу ќе помогне за да стигнеме до правда.

И од овде можам да пратам порака до ЕУ. Ние нашата задача ја завршивме и онаа последна опомена која ја имавме дека треба да го донесеме законот за јавно обвинителство и тука, и сега вие сте на потег. Ние очекуваме Датум за почеток на преговори. Сметаме дека како држава сме спремни и тоа треба да го добиеме и таму е нашето место.

Таму ќе стигнеме со реформирано судство. И затоа сега ќе се обратам на судовите и до сите учесници во правосудниот систем. Ние нашиот дел како законодавна и извршна власт го завршивме го поправивме системот во раце имате ЗЈО коишто им дава право на Јавните обвинители да носат самостојно одлуки нешто поразлично од она што беше досега. Досега секој повисок јавен обвинител можеше да го преземе предметот, сега може само да дава насоки а предметот останува, и тоа е голема придобивка. Начините како ќе се избираат и како ќе се разрешуваат јавните обвинители е различен, за да не работат под притисок во иднина.

Сега се судовите на ред треба да се прочистат, да се извадат предметите од фиоки и треба да се казнат оние кои чуваа предметите, затоа што правдата мора да дојде и правда мора да има за сите. Затоа никој да не се чуди зошто уште чекориме за правда. Вие сте на потег.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство