СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ Е ДРЖАВНИК СО ВИЗИЈА ЗА ИДНИНАТА НА ДРЖАВАТА, НСДП ЈА ПОДДРЖУВА КАНДИДАТУРАТА ЗА ВТОР МАНДАТ‼️

2 март, 2024

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ Е ДРЖАВНИК СО ВИЗИЈА ЗА ИДНИНАТА НА ДРЖАВАТА, НСДП ЈА ПОДДРЖУВА КАНДИДАТУРАТА ЗА ВТОР МАНДАТ‼️

НСДП ја поддржува кандидатурата за втор претседателски мандат на актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски.

Пендаровски во овие пет години покажа дека е државник кој има знаење, умешност и визија да донесува државнички одлуки во интерес на меѓународното интегрирање на државата и обезбедување на стабилна иднина на граѓаните на Република Северна Македонија.

Пендаровски е пред се’ човек кој има прогресивни идеи, претседател кој има визија за иднината на државата, а Северна Македонија е интегрирана и обезбедена во евроатлантските структури, меѓународно почитувана држава, која седи на иста маса со големите светски држави.

Претседател во чиј мандат Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО и сега кога има војна на 800км од нашата граница, ние сме стабилна и безбедна држава.

Претседател кој секогаш имаше став за сите битни политички прашања, прв го соопштуваше и на граѓаните им ги предочуваше добрите и лошите страни.

Претседател кој работи отворено, транспарентно, а претседателската вила е место кое граѓаните можат да го посетат и да разговараат со претседателот за важни прашања за нив и за државата.

Стево Пендаровски е пред се’ човек кој остана близок до граѓаните, остана лојален на принципите на отпорот и на шарената револуција, беше носител на листа и пратеник кој донесе победа во изборната единица 1 и беше еден од предводниците на опозицијата за рушењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ предводено од бегалецот Груевски.Стево Пендаровски е човек за кој највисоки вредности се слободата и демократијата и како НСДП – Нова социјалдемократска партија сметаме дека заслужува втор претседателски мандат и ја има нашата целосна поддршка.

Нова Социјалдемократска Партија

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство