Прес Центар
Соопштениа
Прес на ОО НСДП Битола | Прес на ОО НСДП Битола |
|
|
НСДП како социјалдемократска партија со сите можности кои ги нуди парламентарната демократија се бори за ПРИСТОЕН ЖИВОТ на граѓаните на Македонија.
Пратејќи ја тешката економска состојба во која живеат нашите граѓани, како и светската економска криза која на владејачката структура единствено и служи како алиби за лошата економска политика, ова пардон, непостоењето на економска политика, НСДП неможе немо да седи, да не ги коментира и да не работи за подобрувањето на ситуацијата во која се наоѓа Македонија и Битола. Ако ова го сведиме на локални рамки не можиме немо да стоиме и да гледаме како го рушиме рекордот за невработеност во државата со над 40 % невработеност. За жал на повидок нема можност за отворање на нови работни места а со тоа овај процент со оваа влада и овај совет во Битола единствено за жал ќе оди нагоре. За жал мора да ги потсетиме нашите сограѓани дека од почетокот на овај месец, значи од денес, ќе добијат нови повисоки сметки и тоа за: - Вода 117 % повисока сметка. Тоа значи дека едно просечно семејство кое досега плаќаше 500 ден за вода сега од својот семеен буџет ќе треба да издвои 1085 ден. - Со водата оди покачување на сметката за канализација која претставува 40% од цената за водата. Тоа значи дека сега наместо досега плаќаните 300 денари ќе треба да се издвојат 651 денари за канализација. - Од нова година поскапе и струјата и тоа за скоро 10 %. Тоа значи дека едно семејстово кое се грее на дрва, значи троши значително помалку струја отприлика 2000 денари сега ќе треба да плати 2200 денари. А ако се грее на струја и плаќа 6000 денари сега ќе плаќа 6600 ден. - Во овие студени денови некои се потсетуваат како беа деновите кога имаа централно греење. Исто така се потсетуваат и на ветувањето на општиноначалникот дека ќе обезбеди граѓаните во Битола во 21 век да имаат централно греење. Можеби ова ќе го реализира кога ќе заврши изградбата на фонтаната па ќе ја сечи лентата заедно со споменикот на Филип. Останува да видиме. Како ова да се мали покачувања и трошоци за кревкиот домашен буџет, изненадувањата од власта тука не престануваат. Имено на последната седница на Советот на Општина Битола советниците на мнозинството на чело со општиноначалникот Талески изгласаа нов Правилник со кој се зголемуваат трошоци за граѓаните на Општина Битола. Со новиот Правилник за определување на обемот на уредување и степенот на опремување на градежното земјиште со комунални објекти и инсталации, надоместокот и начинот на здружување и насочување на средствата за уредување на земјиштето, се воведоа нови стапки кои градењето на нови објекти во Битола ги става на рамниште на луксуз, и тоа - Досега за скалишен простор не се плаќаше ништо, сега 30 % од 2150 денари по квадрат или 645 денари - Досега за балкони не се плаќаше ништо, сега 20 % или 430 денари по квадрат балкон - Досега за поткровје се плаќаше 10 %, сега 20 % или 430 денари по квадрат ако е со надзидок до 1,5 m и 50 % или 1075 денари по квадрат ако е со надзидок над 1,5 m. - Досега за визби се плаќаше 10 %, сега 50 %. Со стапувањето на сила на овај нов правилник директно ќе се влијае на покачување на цената на нов метар квадратен а со тоа директно се влијае и на намалувањето на можноста граѓаните на Битола да добијат можност за пристоен живот. Сакаме да го прашаме општиноначалникот Талески и Советот на општина Битола до кога ќе работат против интересите на своите граѓани? До кога од Битола ќе правиме неатрактивно место за градба и за инвестиции? До кога ќе бидеме слепо црево, провинција во која никој не гледа перспектива? |
| < Претходно | Следно > |
|---|