Почитувани ве информираме дека Локалниот Клуб на млади на НСДМ од Велес вчера ја одржа својата Младинска Конференција.
На Конференцијата присуствуваше Претседателот на НСДМ Бетиан Китев кој го изрази своето задоволство од брзото завршување на кадровската обнова на подмладокот во Велес.
Во својата дискусија истакна дека овој процес ке продолжи и понатаму со силно темпо се до конечното целосно екипирање на новиот состав на младинските раководства низ цела Македонија.
Организацискиот Секретар Габриела Станковска потенцираше дека Л.К НСДМ Велес е во постојан работен континуитет и дава полн придонес во заздравувањето на младата структура.
Потпретседателот на НСДМ Тамара Баара ги охрабри младите да продолжат да дејствуваат храбро и решително и во натамошниот период и да опстојат на програмските определби на НСДП.