|
НСДП го прослави својот четврти роденден
|
|
|
 Во четврток на 17 декември 2009 година Нова социјалдемократска партија во ресторанот "Ден и ноќ" го прослави својот четврти роденден. На свеченоста покрај раководството на партијата присуствуваа голем број на претставници од општинските организации. Исто така присуствуваа голем број на гости од политичките партии, пратеници, претставници на дипломатскиот кор, претставници од невладиниот сектор, политички аналитичари и пријатели на партијата. На свеченоста се обрати Претседателот, г-дин Тито Петковски, кој посака НСДП да прославува уште многу родендени и уште посилно да чекори кон нови успеси. Ги поздрави осовачите на партијата, кои уште чекорат по патот кој заеднички го започнаа од 2005 година, но и оние кои подоцна и се приклучија на идејата за новата социјалдемократија. НСДП е реалност на македонската политичка сцена и битен фактор во политичкото делување. Партија која во наредниот период особено ќе се заложи за правата на работиците, кои се една од најмаргинализираните групи во нашето општество. Партија која нуди реални решенија за сите предизвици со кои се соочува нашата држава. Опстојувајќи врз основачките принципи, продолжуваме посилни и консолидирани, спремни за политичките предизвици кои што не очекуваат.
|