Тито Петковски
Претседател на НСДП. Роден на 23 јануари 1945 година во с. Псача, Крива Паланка. Македонец. Дипломиран правник. Во Собранието на РМ е пратеник од 1990 година до денес.Беше потпретседател, а потоа и претседател на Собранието на РМ.
Активности во Собранието
- Национален совет за евроинтеграции, член
- Комисија за транспорт, врски и екологија, претседател
- Комисија за уставни прашања, член
- Комисија за одбрана и безбедност, заменик член
Соња Мираковска
Член на НСДП.Родена на 12.09.1963 година во Берово.Македонка.Дипломиран правник.
Активности во Собранието
- Комисија за уставни прашања, заменик член
- Законодавно-правна комисија, член
- Комисија за европски прашања, заменик член
- Комисија за еднакви можности на жените и мажите, член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Словачката Република, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на Република Малта и Република Кипар, член
Горан Мисовски
Член на НСДП. Роден на 15 април 1965 година во Скопје. Македонец. Економист.
Активности во Собранието
- Совет на Собранискиот канал, член
- Комисија за одбрана и безбедност, член
- Комисија за финансирање и буџет, заменик член
- Комисија за економски прашања, заменик член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Австрија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, член
|