• Narrow screen resolution
  • Wide screen resolution
  • Auto width resolution
  • Increase font size
  • Decrease font size
  • Default font size

Нова социјалдемократска партија

Среда
Сеп
08
Николче Ацевски Испечати E-mail адреса
nikolce acevski.jpgРоден е на 2 јуни 1969 година во Битола. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје на 29 март 1993 година. Магистрирал на 19 фебруари 1996 година на истиот факултет а докторирал на 3 септември 2003 година на Електротехничкиот факултет, Скопје, со што се стекнал со звањето доктор по електротехнички науки.
 
Од 1 октомври 1997 година е вработен на Техничкиот факултет во Битола каде е професор по предметите Електротехника, Електротехнички материјали, Електрични инсталации со осветление, Техника на висок напон, Заземјувачи и заземјувачки системи и Високонапонска опрема и изолациони системи. Исто така предава и на дисперзираните студии по Информатика во Прилеп како професор по предметот Електротехника и Електроника. Моментално е раководител на Електро отсекот при Технички факултет, Битола.

Има напишано над 60 научни трудови во земјата и странство, учествувал во 10-тина научноистражувачки и развојни проекти, и автор е на 2 учебници, Електротехника 2004 и Електротехнички материјали 2006 г.

Член е на повеќе научни здруженија:
-    Друштво за наука и уметност Битола од 1998 год.
-    Македонски комитет за големи електрични системи од 1996 год. Од 2005 година е член на Извршниот одбор на МАКО ЦИГРЕ. Од 2007 член на ЦИГРЕ-Париз.
-    Светска асоцијација на електроинженери ИЕЕЕ со седиште во Вашингтон од 1999 год.
-    Институт за стандардизација на Р. Македонија, од 2008 г. во два технички комитети ТК 31 Осветление и ТК 32 Енергетика и разводни постројки за усвојување на Европските стандарди.  

Оснивач е на Ротари клубот Битола Широк Сокак 2009 г, и избран за втор претседател 2010-2011 г. Член на управен одбор на МКЦ-Битола од 2006 г.

Активно зборува англиски јазик.  

Во периодот март 2003 год. до јуни 2005 год. бил раководител на Секторот за високо образование при Министерството за образование и наука, додека од јуни 2005 до септември 2006 советник на министерот за високо образование. Во тој период посетил над 40 тина конференции од областа на високото образование, науката и доживотното учење во Европа и Америка.

Од март 2003 е постојан претставник на Р. Македонија во Советот на Европа во Стразбур во Управувачкиот комитет за високо образование и наука.

Има завршено курс за Стратешко планирање во образованието во Светска банка - Вашингтон во периодот октомври 2005 година.

Во периодот април 2005 до септември 2006 бил член на Одборот за акредитација на високото образование во Р. Македонија.

Од септември 2006 до март 2008 година бил член на Надзорниот одбор во АД МЕПСО како претставник на НСДП.

Член е на НСДП од оснивањето, 11 декември 2005 година. Претходно бил член на  СДСМ од 12 јануари 1995 година. Во тој период бил на повеќе политички функции:

-    претседател на ОО на СДСМ Битола ноември 1997-мај 1999 год. и кандидат за пратеник на Парламентарните избори 1998 год.

-    член на Централен одбор март 1999-фебруар 2003 год

-    член на Надзорен одбор фебруар 2003 до пристапувањето во НСДП.

За парламентарните избори на 5 јули 2006 год. бил шеф на изборниот штаб на НСДП  за градот Битола каде беа освоени 4500 гласови или 10 % од гласовите, а за парламентарните избори 2008 ја водел аналитиката во Битола.
За потпретседател на Централниот одбор на НСДП е избран на 22 ноември 2009 г.

Оженет е и татко е на 3 деца.
 

Линкови - Банери

Собрание на Република Македонија
European Union
NATO