• Narrow screen resolution
  • Wide screen resolution
  • Auto width resolution
  • Increase font size
  • Decrease font size
  • Default font size

Нова социјалдемократска партија

Недела
Сеп
05
Предраг Трпески Испечати E-mail адреса

predrag.jpg

 

М-р Предраг Трпески е роден е на 11.VII.1976 година во Гостивар.

Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, на департманот финансиско-сметководствен менаџмент во јуни 1999 година. Во јули 2000 година е избран за помлад асистент по предметот Основи на економијата на Економскиот факултет во Скопје. Магистерскиот труд со наслов Новата кејнзијанска економија го има одбрането во април 2005 година со што се стекна со звањето магистер по економски науки од областа на  економскиот развој и меѓународните финансии.

М-р Предраг Трпески е автор на повеќе трудови од областа на работната сила и пазарот на трудот. Негово потесно поле на истражување е невработеноста како еден од најгорливите економски проблеми. Во тек е со изработка на докторска дисертација со наслов Релевантноста на новата кејнзијанска економија за пазарот на трудот во Република Македонија.
Во периодот септември 2006 до јули 2008 година м-р Предраг Трпески ја обавуваше функцијата Заменик на министерот за финансии во Владата на Република Македонија. Во истиот период има обавувано повеќе општествени и јавни функции кои се поврзани со функцијата Заменик на министерот за финансии.

М-р Предраг Трпески е потпретседател на НСДП и член на Извршниот и Централниот одбор на партијата.  
Во овој момент м-р Предраг Трпески работи како асистент по предметот Основи на економијата на Економски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје.
 
Добредојдовте