| Претседател |
|
|
ТИТО ПЕТКОВСКИ
Роден е на 23.1.1945 година во Псача, Крива Паланка, Завршил Правен факултет во Скопје. Работно искуство: 1968 -Општински суд во Крива Паланка 1971 - 1978 - работи во Републичкиот завод за урбанизам и станбени прашања 1978 - 1982 работи во Градскиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија во Скопје 1982 - 1986 бил потпретседател на Извршниот совет на град Скопје 1986 - 1988 бил секретар на Градскиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија 1988 - 1990 бил секретар на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија 1990 - 1996 бил пратеник и потпретседател на Собранието на РМ 1996 - 1998 бил претседател на Собранието на РМ 1998 - 2006 пратеник во Собранието на РМ 1999 - бил кандидат за претседател на Република Македонија Кон крајот на 2005 година истапи од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. На основачкото собрание одржано на 17.12.2005 година беше формирана Нова социјалдемократска партија на која Петковски беше избран за нејзин прв претседател. Г. Петковски го познава францускиот и се служи со англискиот јазик. |