• Narrow screen resolution
  • Wide screen resolution
  • Auto width resolution
  • Increase font size
  • Decrease font size
  • Default font size

Нова социјалдемократска партија

Недела
Сеп
05
Почетна arrow Прес Центар arrow Соопштениа arrow НСДП со континуирана подршка на стечајните работници
НСДП со континуирана подршка на стечајните работници Испечати E-mail адреса

 

miki_goran.jpgОсвести се Груевски, луѓево бараат корка леб и минимум егзистенција!

Денеска во име на НСДП, пратеникот Горан Мисовски и членот на Извршниот одбор на НСДП, Мики Милковски дадоа подршка на стечајните работници кои протестираа пред Собранието на Република Македонија. НСДП доследно го почитува својот политички став за решавање на статусот на стечајците, кои бараат државата да им обезбеди минимални услови за егзистенција и во континуитет им дава активна поддршка.

Пратеникот Мисовски истакна дека: "НСДП и во наредниот период ќе прави напори и  ке превземе конкретни чекори за да се излезе во пресрет на овие граѓани на Република Македонија, кои ни малку не се виновни за статусот и положбата во која се доведени. Државата, Република Македонија, е должна да им помогне и да ги згрижи, а ова е во согласност со основните принципи на Уставот на Република Македонија како социјална држава. Груевски треба да им помогне, а не да бега од средба со нив, треба наместо да троши милионски суми за споменици да мисли за егзистенцијата на своите граѓани, за решавање на нивниот статус."

И ТИЕ СЕ МАКЕДОНИЈА, ГОСПОДИНЕ ГРУЕВСКИ!

 

  

29.07.2010 година                     Сектор за односи со јавност на НСДП

 

 

 
< Претходно   Следно >
Добредојдовте