• Narrow screen resolution
  • Wide screen resolution
  • Auto width resolution
  • Increase font size
  • Decrease font size
  • Default font size

Нова социјалдемократска партија

Недела
Сеп
05
Почетна
Избори веднаш! Или, кој да му го земе пасошот на Груевски? Испечати E-mail адреса

grujo.jpg

mak_passport.jpgПоследните настани кои ги манифестираат  владината и партиската структура на ВМРО–ДПМНЕ сосема јасно покажуваат дека инсталацијата на Никола Груевски е пред конечен распад, а која  опстанува само поради трпеливата опозиција,  контролирана и преплашена јавност и апатични  и осиромашени граѓани кои запаѓаат во депресијa.

 

Состојбата во Република Македонија е на граница на колапс на државната структура, парализа  на политичкиот систем и апсолутна дезориентација на граѓаните без разлика дали се работи за личен или  деловен став на секој човек кој живее во оваа земја. Ова е оцена за состојбата во земјава која ја наметнуваат настаните кои навидум се инцидентни , но кои во суштина докажуваат длабока криза во која актуелните појави на кои е сконцентрирана општата и политичката јавност се само манипулација и обид  да се одолжи признанието за конечен дебакл на оваа власт.

Последните афери  -   „Ване Цветанов„, „дива марихуана  на семејството Илиевски„, параполиција во  Собранието„ „Собраниски деловник„, иако ја опседнуваат македонската јавност всушност се само површински изговор за контрапродуктивно одлагање на признавањето на поразот на актуелната структура на политичка власт. За илустрација, Ване Цветанов со неговиот лидер Никола Груевски си разменија поразителни оценки околу тоа кој е поголем криминалец. И никому ништо. Останаа отворени прашањата  кои произлегуваат од евентуалноста да е некој од нив, или двајцата да се во право. Кој ќе ја сноси одговорноста што Никола Груевски направил лоша кадровска проценка па една од најсилните и најважни државни функции му ја доверил на непроверена и криминогена личност ( Цветанов)? Од  другата страна, Ване Цветанов кој навидум изгледа сосема добронамерно и должи на македонската јавност, не општи информации за неговата борба со криминалот, туку конкретна информација за тоа каков и колкав криминал затскрива и заштитува неговиот шеф Никола Груевски ? Или, Цветанов пред  јавноста да ги отвори кутиите кои му ги предаде на Државниот обвинител Шврговски со доказите за криминал. Вака, испаѓа дека и Цветанов и Груевски се иста сорта, од фамилијата ВМРО-ДПМНЕ, а дека се работи за меѓусебна кавга или клановско несогласување околу поделбата на пленот на власта.

Конечно,  треба ли граѓаните во бесконечност да ги финансираат лошите кадровски проценки на Груевски или да чекаат ВМРО–ДПМНЕ како партија на власт, на нивна сметка да си ја изградува партиската структура?

Ништо поразлична не е политичката состојба и при случаите дива марихуана  на семејството Илиевски, снимателот – полицаец . . .кои се одлична илустрација и повод за анлиза на состојбата во државава.  Во основа, во сите случаи се работи за решенија на актуелната власт, што впрочем е и суштината на парламентарната демократија. Партијата или коалицијата на власт открива марихуана, организира бебзбедност  во Собранието на Македонија. На врвот, Трајко Велјановски како собраниски спикер и кормилар на Деловникот е решение на ВМРО–ДПМНЕ. Кој треба сега да одговара што решенијата на Груевски за функционирање на системот се дефектни ? Но, аферите  -   „Ване Цветанов„, „дива марихуана  на семејството Илиевски„,„параполиција во  Собранието„ „Собраниски деловник„, се само дел од скандалозното и насилно практицирање на власта  на ВМРО-ДПМНЕ. Токму анализата на информациите кои доаѓаат од ВМРО–ДПМНЕ говорат дека партијата е во распад, најмногу поради партиската олигархија која ја сочинуваат 50 – тина луѓе, а кои се почесто доаѓаат во отворен судир со пониските партиски структури. „Младите сили „  на Груевски, откако  ќе бидат вклучени во државната администрација многу брзо сфаќаат дека партискиот врв најчесто ги употребува како параван  за владеење со Република Македонија, но и за перење пари, криминални јавни набавки, организиран криминал од висок ранг. Бројките притоа се астрономски и многу брзо  се јавува стравот дека еден ден за криминалот треба да се одговара и лесно да се стигне зад решетките во Идризово. Или во втората варијанта  „подмладокот на Груевски" откако ќе сфатат дека станале дел од политичко – криминалната структура на Груевски си бараат се поголем дел од пленот на владеењето со Македонија. Се потврди дека организираниот криминал и поделбата на пленот е можната причина  за случајот на Ване Цветанов, слична е состојбата и во повеќе други државни органи и министерства каде по правило работите се вртат, а скандалите избиваат околу трошењето државни пари. Информациите од Дирекцијата за спречување перење пари говорат дека поголемиот дел од  службениците кои ги примил Цветанов, што му се става како причина за смена, се примени по налог на ВМРО–ДПМНЕ, но и дека дел од нив се избркани од други државни институции поради криминал.

Пред финален распад е и системот на ВМРО–ДПМНЕ за формирање комисии за јавни набавки.  По правило, Груевски  за членови  на овие комисии ангажира лица почетници ангажирани со договор за дело, или преку привремени вработувања, а кои со своите потписи во комисиите за тендери за јавни набавки се принудуваат да бидат соучесници во криминал. Тие млади луѓе на кои тоа им се најчесто први вработувања, реално и не се свесни што им се случува, или уште почесто, хонорарите кои ги добиваат се нивна единствена егзистенција. Се оди дотаму што токму со потписите и гласовите на такви уценети млади лица, се  одржуваат законитоста во регистрацијата на некои партии од коалицијата на ВМРО–ДПМНЕ.

Се поголем товар на Груевски му е и тоа што ја изгуби привилегијата на единствена национална и патриотска политичка сила, од проста причина што поминаа времињата кога предзнакот ВМРО  беше доволен за безрезервна  национална подршка. И еден обичен податок од последните неколку месеци е елемент за анализа за стабилноста на политичката инсталација на Никола Груевски. И покрај огромната државна и партиска машинерија на МВР и ВМРО–ДПМНЕ, редовни станаа  вистински скандали во непосредното опкружување на лидерот на ДПМНЕ. Протокот на државни и партиски доверливи информации е најдобриот доказ дека внатре во инсталацијата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер владее трулост и недоверба. За илустрација, на еден од последните сечења црвени ленти му се случија и пожар и експлозија, а во некое од основните училишта во моментот кога Грујо требаше да  ја пресече лентата за нова сала, се вклучи сирената за пожар. Колку што се дознава за овие скандали кои можат да бидат добар знак колку е време за црвени ленти, ниту обезбедувањето на Груевски ниту надлежните институции во МВР не превземале никакви постапки. Дали и обезбедувањето на лидерот на ВМРО–ДПМНЕ го насетиле падот на власта на Груевски и ја очекуваат есента за кога се најавуваат предвремени парламентарни избори кога и домашните и меѓународните аналитичари му предвидуваат политички дебакл.  

Тема на владеењето на Никола Груевски во изминатите две години се спомениците, восочните фигури, црвените ленти ,тениските терени и градските плажи како и површно спомнувани Ване Цветанов, млекарот Илиевски, полицајци во маици во Парламентот, . . Овие скандали всушност се само површината на дното на длабоката криза во која се наоѓа Република. Незаконско,  нефункционално и криминално трошење на буџетот, манипулација со јавноста, злоупотреба на државните институции за партиски, групни и лични интереси, политички притисок од позиција на власт се кријат зад црвените ленти, восочните фигури, градските плажи.

Уште полошо, Груевски, освен со министрите на седниците на Владата  повеќе месеци избегнува да се сретне со своите кадри кои ги поставил на сериозни државни функции, како што беше онаа на Ване Цветанов во Дирекцијата за спречување на перење пари. Тоа едноставно значи дека Владата и власта на Груевски и ВМРО–ДПМНЕ престанале и со техничкото функционирање, но тоа го кријат од јавноста и граѓаните. Сега, на површина веќе не се козметичките проблеми од типот на недостаток на конци во операционите сали, немањето бензин за полициските возила, дива марихуана, неплатените комуналии за државните институции, штрајк на судската администрација и полиција, оставката или смената на Ване цветанов. Во прашање е сериозна криза во здравството, МВР и МО, хаос и корупција во судството, нарко мафија и владеење на организираниот криминал во Република Македонија која го допира дното.

Последниот став на Европската комисија за Република Македонија само го потврдува погрешното водењето на оваа држава, што доколку брзо не се корегира, следи најтешка криза во нејзиното постоење.    

   

    27.07.2010 година                 Сектор за односи со јавност на НСДП,

                                               Мики Милковски

 
< Претходно   Следно >

Галерија

Анкета

Дали ви се допаѓаат лавовите на мостот Гоце Делчев?
 

Афоризам

Напишете изјава во два реда. Читам само меѓу редови.