• Narrow screen resolution
  • Wide screen resolution
  • Auto width resolution
  • Increase font size
  • Decrease font size
  • Default font size

Нова социјалдемократска партија

Недела
Сеп
05
Почетна
Тито Петковски-"Најнеуспешните четири години на една Влада од осамостојувањето на Македонија" Испечати E-mail адреса
 

tito_pressss.jpgДенеска во Собранието на Република Македонија Претседателот на НСДП, г-дин Тито Петковски, на прес конференција даде оценка за четиригодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и го истакна следното: "Ако може да се сублимира четиригодишното владеење на една Влада во неколку реченици, најпрво би рекол дека станува збор можеби за НАЈНЕУСПЕШНАТА Влада од нашето осамостојување до денес. Значи станува збор за четири изгубени години на Република Македонија како на внатрешен така и на надворешен план. Ако нешто може да се памети за овие четири години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е, сите напори кои што ги направи ВМРО-ДПМНЕ да изградат култ на личноста на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Мислам дека единствено во тоа успеаа."
 
Исто така Претседателот Петковски истакна дека: "На меѓународен план Македонија има полоша позиција отколку што имаше пред четири години, дури мислам дека сега пред Извештајот на Европската Унија за прогресот на Македонија во евро-атланските интеграции ќе заостануваме сериозно отколку пред четири години. На внатрешен план состојбата е можеби полоша отколку на самиот старт на македонското осамостојување. Значи, ако гледате по бројот на невработени, стандардот на населението, безбедноста, инвестициите во државата, меѓуетничките односи, бројот на вработени, мислам дека сите тие параметри говорат дека Република Македонија по сите основи заостанува зад балканските земји."
 
На прашањето од новинарите за можни предвремени избори г-дин Петковски рече: "Пред неколку дена на прес конференцијата во НСДП реков дека одговорна Влада доколку не ги исполни очекувањата на граѓаните има две опции и тоа или да оди на предвремени избори и да ја провери подршката кај граѓаните или едноставно да си поднесе оставка. Оваа Влада не направи ништо да ги демократизира институциите и да го зголеми нивниот кредибилитет. Навистина, ако критички ја гледаме состојбата во Република Македонија ќе дојдеме до заклучок дека Парламентарни избори се неопходни."
 
 
26.07.2010 година                      Сектор за односи со јавност на НСДП
 
Следно >

Галерија

Анкета

Дали ви се допаѓаат лавовите на мостот Гоце Делчев?
 

Афоризам

Напишете изјава во два реда. Читам само меѓу редови.