Прес Центар
Соопштениа
ВМРО-ДПМНЕ ја става на коцка иднината на Македонија | ВМРО-ДПМНЕ ја става на коцка иднината на Македонија |
|
|
|
Во името на Пратеничката група на НСДП, ЛП и НА сакам да изразам жалење за потегот кој што го направи парламентарното мнозинство, Деловникот кој што требаше да се донесе со консензус и беше еден од условите за добивање на позитивен извештај, се предлага по скратена постапка и на само два дена пред одржувањето на состанокот на Советот за асоцијација и стабилизација. Таквата постапка, да се доведе опозицијата пред свршен чин, со уцени и закани, тактизирајќи со времето кое што ни преостанува, јасно говори дека ВМРО-ДПМНЕ ја става на коцка иднината на Република Македонија и позитивниот извештај за кој што опозицијата 20 дена грчевито се бори.
Демонстрацијата на сила и моќ на отворена сцена е уште еден доказ дека кај парламентарното мнозинство отсуствува желбата за политички дијалог, толеранција и подобрување на демократските вредности. Упорноста и тврдоглавоста на ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена да се одбие предлогот на опозицијата за изнаоѓање на парламентарен механизам за контрола на трошењето на средствата на граѓаните е уште еден доказ дека кај раководителите на ВМРО-ДПМНЕ отсуствува желбата да престанат незаконски, ненаменски и недемократски да ги трошат парите на граѓаните.
Имавме идеална можност да пратиме јасен сигнал на сегашната и идните влади дека конечно во Република Македонија во сверата на трошењето на јавните пари, профункционира уставната надлежност за контролата на Собранието на Република Македонија над извршната власт.
24.07.2010 година Заменик Координатор на ПГ на НСДП, ЛП и НА Скопје Горан Мисовски |
| < Претходно | Следно > |
|---|