• Narrow screen resolution
  • Wide screen resolution
  • Auto width resolution
  • Increase font size
  • Decrease font size
  • Default font size

Нова социјалдемократска партија

Недела
Сеп
05
Почетна arrow Прес Центар arrow Соопштениа arrow Од анкетната комисија е преплашен - Груевски ?!
Од анкетната комисија е преплашен - Груевски ?! Испечати E-mail адреса

incident_2.jpgАнализа: Анкетна комисија  - „ Пратеници против параполиција"

„ВМРО -  ДПМНЕ очекувано гласаше за опстанок на Трајко Вељановски, можеби поради тоа што тој навистина само ги спроведува наредбите на премиерот Груевски кој впрочем  е најодговорен и за работата на МВР. Всушност, токму  Груевски кој се повеќе се заглавува и веќе се дави во калта на својата политичка алчност,  ќе биде вистинскиот предмет на анкетната комисија

 Што крие министерката Јанкулоска ?

 Формално, настаните пред и во Собранието на Македонија на први јули по повод собраниската расправа на закон за надокнада на стечајните работници се познати. Неколку пратеници на СДСМ ( Бендевска, Бучковски,Иванова, Макрадули . . . )   и  НСДП ( Мисовски) се најдоа среде физичка пресметка со неколку лица кои се преставуваа како полицајци, кои наводно ги обезбедувале токму  пратениците и Собранието. И ако на пратеницитеод  властта  и не им паѓа на памет да размислат што тоа се случува поради нивниот резон „полицијата е наша„ , опозицијата допрва после инцидентот се присетува дека пред врата им стоеле некои шишани типови со пиштоли на појас. Овде останува отворено прашањето зошто проблемот на функционирањето на МВР како дел од бебзедносниот систем не се разгледува(л) во постојаните собраниски комисии туку се предлага посебна анкетна комисија кога се знае дека анкетните комисии како собраниска форма тешко или воопшто не функционираат. 


Министерката за полиција, Гордана Јанкулоска суетно  и пожртвувано потврди дека во инцидентот наспроти пратениците на опозицијата стојат полицајци во цивилка кои конкретната вечер имале службени  задачи.  Но, Јанкулоска во своите настапи на брифинзи, прес конференции и секако на седницата на Парламентот успешно ги ескивираше прашањата на опозицијата, додека пратениците на нејзината партија  очигледно  немаа  храброст да и постават ниту едно неконтролирано прашање. 
Впрочем токму од неодговорените прашања  произлегува суштината на скандалот.


Неофицијалната информација дека полицаецот – снимател клучната вечер  телефонски контактирал директно со Јанкулоска создава сомнение околу хиерархијата во МВР и особено околу конкретните настаните, особено што  е познато дека министерката  во професионалната  полициска работа и нема некој голем авторитет. Веројатно токму затоа и си дала за право да ја прекрши стандардната полициска хиерархија и да им ја одземе надлежноста на оперативците на МВР кои наводно вонредно го обезбедувале Собранието на МВР. Од друга страна, овде се наметнува сериозната дилема дали Јанкулоска, во и околу безбедноста на Собранието на Македонија како највисок државен орган за што важат посебни законски и подзаконски акти , превземала операција на своја рака или во договор со неформална група во МВР. Собраниската расправа покажа дека таква мерка ниту е предложена, побарана или дозволена од претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, кој единствено има законско овластување да побара и дозволи засилено обезбедување на Собранието и пратениците. Во спротивно се работи за пуч, во случајов , полициски.Но, Велјановски сигурен во гласачката машинерија на ВМРО – ДПМНЕ мудро молчеше на клучното и  директно прашање на опозицијата дали официјално побарал зголемено обезбедување на зградата на Собранието на што инсистираше опозицијата ( Весна Бендевска).


Основниот елемент дека полицаецот – снимател носел оружје, но, не носел полициска значка дополнително ја усложнува состојбата и дилемата кој и според кои правила и надлежности раководел  со вонредната состојба за обезбедувањето на Собранието на Македонија како институционален врв на државата. Ова особено што надлежната за овој тип на безбедност е посебна Петта управа на МВР која покрај останатото, ги обезбедува:  премиерот Груевски, Претседателот Иванов, спикерот  Велјановски кој , меѓу другото му е и прва резерва на Претседателот на Републиката. А токму Трајко Велјановски како „  резервен „ Претседател на Републиката и Врховен командант  „ поима немал„  дека наводни полицајци, во маички,  му ја запоседнале и ја контролираат зградата на Собранието и се пресметуваат со дел од пратениците, па нека се и од опозицијата ? 


Токму овде се отвора сериозната димензија која собранискиот инцидент прифатен како македонско политичко секојдневие,  го претвора во безбедносен скандал до ниво на афера, во која државава треба да се заинтересира дали и колку  државниот врв, вклучително Владата, Собранието, Претседателот на Републиката, министрите, пратениците . . ., се безбедни во остварувањето на својата функција.  Нема дилема дека членовите на ВМРО – ДПМНЕ негуваат братско – сестрински односи на фамилијарност и доверба. Но, исто  така нема дилема дека најголемиот број уапсени за криминал во последниве неколку години се токму полицајци (Змиско око, Југ 1, Југ 2, . . .П. У.  Куманово ) и токму членови на врвот на ВМРО – ДПМНЕ (последен е  Ване Цветанов, . . .).  Од овие причини од најавената анкетна комисија реално е да се очекува да ја повторат политичката превласт во парламентот.


Груевски заглавен во сопствениот систем на терор ?

Ако Јанкулоска го испланирала,  па ја изгубила  контролата врз  „ полицискиот пуч „ во Парламентот а истовремено немаше храброст и мудрост да смени неколку полициски началници надлежни за обезбедувањето на највисоките државни институции, уште помалку треба да се очекува доброволно да го превземе својот дел од одговорноста. Или можеби, полициските професионалци и ја откажале верноста на министерката, па кога работата пукна, таа директно командувала и контактирала со „пучистите„ околу и во Собранието и со полицаецот – снимател кој бил на директна телефонска линија со министерката. Значи ли тоа дека во МВР има внатрешни министерски ( ВМРО – ДПМНЕ ) параполициски групации кои се користат за специјални операции ? Ќе има ли храброст Јанкулоска, со неколку други високи функционери  на МВР, да се појават пред  анкетната комисија ?


Дека Јанкулоска ја изгубила контролата во МВР докажуваат и поканите од МВР за пратениците на опозицијата кои пристигнаа во писарницата на Собранието на Македонија, па потоа нивниот упис во собраниската архива го покриваа со коректор. Ако и студентите на Правен факултет  знаат што е тоа пратенички имунитет, нема причина тоа да не го знаат полициските експерти во МВР, освен ако на Јанкулоска не и се случува и професионален бунт, но, таа не е  свесна за тоа. Во ваква состојба, во идеална состојба, пред  анкетната комисија ќе треба  да се појави и самиот премиер Никола Груевски. Секако, таа потреба   не можат и не смеат ниту да помислат  да ја констатираат  предложените членови од неговата партија. Останува главниот товар да го износат  членовите на комисијата од опозицијата, СДСМ и НСДП  кои наспрот себе ги имаат парадржавните  и параполициски инсталации. Секако , на располагање им стојат  македонската и особено меѓународната јавност која, за разлика од македонскиот парламент кој  расправаше за физички инцидент и тепачка од типот „кој кого нападнал„, во Комисија на ЕУ беше квалифицирана  сериозна состојба и  опасен дефект во функционирањето на Република Македонија како држава.

21.07.2010 година                                                          Центар за анализи и истражувања на НСДП

 
< Претходно   Следно >
Добредојдовте