• Narrow screen resolution
  • Wide screen resolution
  • Auto width resolution
  • Increase font size
  • Decrease font size
  • Default font size

Нова социјалдемократска партија

Недела
Сеп
05
Почетна arrow Прес Центар arrow Новости arrow Изборна Конференција на НСДП Крива Паланка
Изборна Конференција на НСДП Крива Паланка Испечати E-mail адреса
sv_joakim_osogovski.jpg
Почитувани,

Ве информираме дека О.О НСДП Крива Паланка на 17.07.2010 година во Манастирот Св.Јоаким Осоговски одржа Изборна Конференција на која се избрани новите органи на О.О НСДП Крива Паланка. Делегатите на Конференцијата за Претседател на О.О НСДП Крива Паланка го избраа Ратко Павловски советник од редовите на НСДП во Советот на Општина Крива Паланка. Конференцијата го избра и новиот состав на Извршниот Одбор и Надзорниот Одбор.


На Конференцијата присуствуваше Претседателот на НСДП г-дин Тито Петковски.

Во своето обраќање пред делегатите избраниот Претседател на О.О НСДП Крива Паланка се заложи за промоција на партиските политики на НСДП како преку проектите на НСДП така и преку самите советници во Советот на Општината.


Претседателот на НСДП Тито Петковски пред делегатите го изрази своето задоволство од начинот на кој НСДП во Крива Паланка го избра новото раководство и посака успешна работа на новоизбраниот Претседател на О.О НСДП Крива Паланка.


Претседателот Петковски говореше и за случувањата во Република Македонија на политички план и изрази загриженост заради последните случувања но изрази надеж и верување дека Опозициониот фронт ке успее во својата намера  да биде сериозна алтернатива на актуелната политика.
 
Следно >
Добредојдовте