• Narrow screen resolution
  • Wide screen resolution
  • Auto width resolution
  • Increase font size
  • Decrease font size
  • Default font size

Нова социјалдемократска партија

Недела
Сеп
05
Почетна arrow Прес Центар arrow Соопштениа arrow ПРЕС НА ОО НА НСДП-БИТОЛА ЗА СЛУЧУВАЊАТА ВО РЕК "БИТОЛА"
ПРЕС НА ОО НА НСДП-БИТОЛА ЗА СЛУЧУВАЊАТА ВО РЕК "БИТОЛА" Испечати E-mail адреса

nsdp-logo_bt_press.jpgПочитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,


 Преродбата и преродбениците конечно почнаа да си го покажуваат вистинското лице. Маските паднаа, а со нив паднаа и кривичните пријави против раководството на комбинатот во РЕК Битола за злоупотреба на службената положба и овластувања.


 На светлото на денот, досега вешто затскривано со платената политичка програма и Гебелсовите маркетиншки трикови, спроведувани од мегафоните на власта, а сето тоа во името на преродбата и Македонија, пред граѓаните се покажа една добро организирана мрежа на организиран криминал.


 Како аргумент повеќе дека станува збор за организирана мрежа на организиран криминал говори фактот дека кривични пријави беа поднесени до директор на подружницата ЕЛЕМ РЕК Битола, до технички директор на подружницата, до директор во рудникот, до помошник директор за комерција, референт во комерција како и други вработени во колективот, се на се’ 12 кривични пријави. Тоа е досегашната бројка на поднесени кривични пријави. 

 Споменатите, се обвинети дека само во периодот од еден ремонт кој што обично трае околу 6 недели или месец и половина проневериле сума од повеќе од 7 милиони евра.


 Само како илустрација за која сума на пари зборуваме ќе направам неколку компарации:
• Омилената индустриска зона на нашиот почитуван општиноначалник г-динот Талески, индустриската зона Жабени, која има само еден вработен, нејзиниот директор, потроши 700.000,00 евра за трафостаницата со напојниот кабел со која ќе се обезбедува струја за цела индустриска зона.
Математиката е егзактна наука и таа вели дека со тие 7 милиони евра може да се обезбеди електрификација за 10 индустриски зони како индустриската зона Жабени.
• Ајде да продолжиме со уште една компарација, овај пат со инвестиција во обновливи извори на енергија.
Со оваа сума на пари, 7 милиони евра, кога би се инвестирале во мали хидроцентрали сега би имале 7 до 10 нови мали хидроцентрали, од кои не само што би добивале чиста енергија туку би претставувале значаен поттик во развојот на вкупната економија.
• Кога зборуваме за економија и нејзин раст, тема на која преродбениците ги добија изборите, за сега да ја имаат апсолутната власт во државата, не треба да го занемариме фактот дека општина Битола денес претставува општина со најголем процент на невработени во Македонија, процент кој е повисок од 40 %.
Кога овие 7 милиони евра би се инвестирале во отварање на нови работни места би се отворила можност за отварање на нови 350 работни места или директно засегнати 1.500 луѓе, зависно од тоа во која индустрија би се инвестирале овие средства, можеби и повеќе.
• Ако одиме еден чекор повеќе, овие 7 милиони евра се средства со кои би се решил проблемот со стечајците на ниво на држава. Истите тие наши мајки, татковци, стрини, тетки, роднини, пријатели кои преродбениците секојдневно ги тепаат по нашите улици.

Денес се јавуваат прашања за кои јавноста заслужува одговор.

Дали оваа рекација на МВР, сега и до овие луѓе, треба да се свати како порака кон довчерашните раководители во РЕК Битола, за несогласувањата кои тие ги имаа со месните комитети за партиските вработувања кои во престојниот период на големо се ветуваа? 

Дали е можно сегашниот министер за одбрана г-динот Зоран Коњановски, екс директор на РЕК Битола, актуелен член на највисокото партиско тело на ДПМНЕ, Извршниот комитет на партијата, како и општиноначалникот на Битола г-динот Владимир Талески, кој што е член на истото тоа тело, да не знаеле за случувањата во комбинатот, ако е јавна тајна и се знае дека лицата кон кои се поднесени ови кривични пријави се нивни лични кадровски решенија?

Дали г-динот Коњановски и г-динот Талески чувстуваат морална одговорност за овај чин? 
 
Драги мои претставници на медиумите, почитувани граѓани, после сево ова едно е јасно: „Не се работи за Македонија, за пари се работи!!!“

Претседател на ОО на НСДП Битола                                         Битола,
Котески Благојче                                                                    14 јули 2010 година 

 
< Претходно   Следно >
Добредојдовте