• Narrow screen resolution
  • Wide screen resolution
  • Auto width resolution
  • Increase font size
  • Decrease font size
  • Default font size

Нова социјалдемократска партија

Недела
Сеп
05
Почетна arrow Прес Центар arrow Новости arrow Изборна Конференција на НСДП Центар
Изборна Конференција на НСДП Центар Испечати E-mail адреса

nsdp-logo_centar.jpgПочитувани,

Ве информираме дека О.О НСДП Центар ја одржа Изборната Конференција на која се избрани новите органи на О.О НСДП Центар. На Конференцијата присуствуваа 70 делегати кои за Претседател на О.О НСДП Центар го избраа Радојко Цветановски, а за Секретар на ОО-Центар беше избран Мијалчо Панов. Конференцијата го избра и новиот состав на Извршниот Одбор и Надзорниот Одбор.

На Конференцијата присуствуваа Претседателот на НСДП, г-дин Тито Петковски, Организацискиот секретар г-ѓа Соња Мираковска и г-дин Горан Мисовски, член на Извршниот одбор на НСДП и пратеник во Собранието на Р.Македонија.

Во своето обраќање пред делегатите избраниот Претседател на О.О НСДП Центар се заложи за промоција на партиските политики на НСДП како преку проектите на НСДП така и преку подршката на корисните иницијативи од граѓаните до Општината.

Претседателот Тито Петковски пред делегатите го изрази своето задоволство од начинот на кој НСДП во Центар го избра новото раководство и посака успешна работа на новоизбраниот Претседател на О.О НСДП Центар како и на избраниот Секретар на О.О НСДП-Центар.

Претседателот Петковски говореше и за случувањата во Република Македонија на политички план и изрази загриженост заради последните случувања но изрази надеж и верување дека опозициониот фронт ке успее во својата намера  да биде сериозна алтернатива на актуелната политика.     
 
< Претходно   Следно >
Добредојдовте