• Narrow screen resolution
  • Wide screen resolution
  • Auto width resolution
  • Increase font size
  • Decrease font size
  • Default font size

Нова социјалдемократска партија

Недела
Сеп
05
Почетна arrow Прес Центар arrow Новости arrow Изборна Конференција на НСДП Охрид
Изборна Конференција на НСДП Охрид Испечати E-mail адреса

naslovna_ohrid.jpg

Почитувани Ве информираме дека О.О НСДП Охрид ја одржа Изборната Конференција на која се избрани новите органи на О.О НСДП Охрид. Делегатите на Конференцијата за Претседател на О.О НСДП Охрид го избраа Драган Пандески, советник од редовите на НСДП во Советот на Општина Охрид. Конференцијата го избра и новиот состав на Извршниот Одбор, а беше избран и Надзорниот Одбор.


На Конференцијата присуствуваа Претседателот на НСДП Тито Петковски, Потпретседателот на НСДП Никола Ацески и Претседателот на млади Бетиан Китев.

Во своето обраќање пред делегатите избраниот Претседател на О.О НСДП Охрид се заложи за промоција на партиските политики на НСДП како преку проектите на НСДП така и преку самите советници во Советот на Општината.


Исто така г-дин Тито Петковски пред делегатите го изрази своето задоволство од начинот на кој НСДП во Охрид го избра новото раководство и посака успешна работа на новоизбраниот Претседател на О.О НСДП Охрид како и на избраниот секретар на О.О НСДП Охрид  Благоја Гроздановски.

Претседателот Петковски говореше и за случувањата во Република Македонија на политички план и изрази загриженост заради последните случувања но изрази надеж и верување дека опозициониот фронт ке успее во својата намера  да биде сериозна алтернатива на актуелната политика.   
 
 
  

 

 
< Претходно   Следно >
Добредојдовте