Општинската организација на НСДП - Кавадарци ја одржа својата Втора изборна Конференција на која се избрани новите органи на О.О НСДП Кавадарци. Делегатите на Конференцијата за Претседател на О.О НСДП Кавадарци го реизбраа Владимир Клинчаров. Конференцијата го избра и новиот состав на Извршниот Одбор, а беше избран и Надзорниот Одбор.
На Конференцијата присуствуваше Претседателот на НСДП Тито Петковски.
Во своето обраќање пред делегатите избраниот Претседател на О.О НСДП Кавадарци го истакна досега сработеното и ги презентираше идните активности на кои ќе работи новиот Извршен Одбор.
Советникот од НСДП во Советот на Општина Кавадарци Бетиан Китев говореше за активностите на партијата во Советот на Општината и за досегашните одлуки и решенија донесени заедно со другите опозициони партии.
Претседателот на НСДП Тито Петковски пред делегатите го изрази своето задоволство од начинот на кој НСДП во Кавадарци го избра новото раководство и посака успешна работа на реизбраниот Претседател на О.О НСДП Кавадарци како и на избраните членови во Извршниот и Надзорниот Одбор. Исто така говореше и за случувањата во Република Македонија на политички план и констатира дека во Македонија се потешко се живее, пред се на економски план. Го изрази своето задоволство од зголемувањето на членството како во Кавадаречката Општинска организација така и во големиот дел од партиските организации низ цела Македонија.