• Narrow screen resolution
  • Wide screen resolution
  • Auto width resolution
  • Increase font size
  • Decrease font size
  • Default font size

Нова социјалдемократска партија

Недела
Сеп
05
Почетна arrow Прес Центар arrow Соопштениа arrow КОЈ ТЕПА, КОЈ ВЛЕЧЕ?
КОЈ ТЕПА, КОЈ ВЛЕЧЕ? Испечати E-mail адреса

naslovna.jpgНа 1-ви јули 2010 година се случи невиден скандал во Собранието на Република Македонија. Овој ден ќе остане запаметен како ден во кој се погази Уставот и парламентарната демократија во Р.Македонија, затоа што имаше пробивање на безбедносниот систем во Собранието на Р.Македонија и недолично однесување од страна на вооружени лица облечени во летни маички, без никакви обележја дека се дел од некакви регуларни единици на МВР.Неидентификуваните лица правеа приватни видео снимки од средба на пратениците со стечајните работници и наместо да се грижат за безбедноста на пратениците и парламентарниот дом, тие цел ден беа распределени во внатрешноста на Собранието, каде што работат службите, за да подоцна истите ги "ВЛЕЧАТ" пратениците и им  го попречуваат слободното движење во Собранието.

Заради овие причини Пратеничката група на НСДП, ЛП и НА, заедно со СДСМ, Поднесоа Предлог-одлука за формирање на Анкетна комисија која ќе ги расчисти околностите под кои се случи инцидентот, ќе утврди одговорност за инцидентот и ќе утврди дали постои политичка одговорност и грубо прекршување на членот 43 од Законот за Собранието на Р.Македонија.

Воедно ПГ на НСДП, ЛП и НА со СДСМ поднесоа Предлог-одлука за разрешување на Трајко Вељановски, Претседател на Собранието на Р.Македонија и Интерпелација на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Како што вели Премиерот:"ЕДНА СЛИКА, ИЛЈАДА ЗБОРОВИ"!

 

За да види јавноста како лежерно облечените момчиња, со летни маички, вооружени, без никакви обележја за идентификација постапуваат со пратениците! (Пратеникот Горан Мисовски од НСДП беше "ВЛЕЧЕН" и спречен слободно да се движи) 

Нова социјалдемократска партија остро го осудува овој, очигледно, исцениран инцидент во кујната на МВР и штабот на ВМРО-ДПМНЕ, со единствена цел да се отргне вниманието од нерешавањето на статусот на стечајните работници, изразено преку гласањето ПРОТИВ Законот за решавање на нивниот статус од страна на владејачкото мнозинство.

 
< Претходно   Следно >
Добредојдовте