|
НСДП СО АКТИВНА ПОДРШКА НА ПРОТЕСТНИОТ МИТИНГ ОРГАНИЗИРАН ОД СДСМ
|
|
|
|
Во недела на 27 јуни 2010 година НСДП активно партиципираше на
протестниот митинг организиран пред Владата на Република Македонија од
страна на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, а подржан од
партиите од опозицискиот фронт. Подршката беше изразена со присуството
на голем број на членови и симпатизери на НСДП од Општинските
организации, за што говорат 35-те автобуси со членови на НСДП од внатрешноста на Македонија
и присуството на голем број членови од Скопје. На протестниот митинг
беше искажано огромното незадоволство на граѓаните на Македонија од
актуелната власт и им беше порачано дека треба во најскоро време да си
заминат, а на нивно место да дојдат проевропски и пред се демократски
сили кои ќе ја внесат Република Македонија што побрзо во ЕУ и НАТО, но
пред се да ја стабилизираат и да обезбедат пристоен и
достоинствен живот на нејзините граѓани.
|