|
Трибина на НСДП во Битола
|
|
|
 Како дел од средбите со граѓаните на кои им се доближува, презентира и на кои се дебатира „И трудот е капитал“, предлогот на НСДП за нов начин на организација на работата, во која трудот и капиталот работат заедно во синенергија, а трудот добива вредност на капитал, ОО на НСДП од Битола, во вторникот на 08 јуни одржа трибина во Битола во Малата сала на Домот на културата.
На трибината збор зеде претседателот на НСДП г-динот Тито Петковски и потпретседателот на Собранието на Република Македонија г-дин Јани Макрадули. Гости на трибината беа високи претставници од Опозициониот фронт, високи претставници од Синдикатот на Република Македонија, работници, стечајци и заинтересирани граѓани.
Во дискусијата се вклучија и претставници од Синдикатот на Република Македонија кои со своите конструктивни забелешки и дискусии и дадоа тон на трибината.
|