• pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu
  • slide1

Претседател

ТИТО ПЕТКОВСКИ

tito pretsedatel

Роден е на 23.1.1945 година во Псача, Крива Паланка,
Република Македонија, каде завршил гимназија.

Завршил Правен факултет во Скопје.

Работно искуство:

1968 -Општински суд во Крива Паланка

1971 – 1978 - работи во Републичкиот завод за урбанизам и станбени прашања

1978 – 1982   работи во Градскиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија во Скопје

1982 – 1986   бил потпретседател на Извршниот совет на град Скопје

1986 – 1988   бил секретар на Градскиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија

1988 – 1990   бил секретар на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија

1990 – 1996   бил пратеник и потпретседател на Собранието на РМ

1996 – 1998   бил претседател на Собранието на РМ

1998 – 2013   пратеник во Собранието на РМ

1999 - бил кандидат за претседател на Република Македонија

Кон крајот на 2005 година истапи од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. На основачкото собрание одржано на 17.12.2005 година беше формирана Нова социјалдемократска партија (НСДП) на која Петковски беше избран за нејзин прв претседател.

На 17 октомври 2009 година на Вториот вонреден конгрес на НСДП по втор пат е избран за Претседател на партијата.

На 3 ноември 2013 година на Третиот редовен конгрес на НСДП е избран по трет пат за Претседател.

Г. Петковски го познава францускиот и се служи со англискиот јазик.