• pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu
  • slide1

САШКО СТЕФАНОВСКИ

sase kocani

Член на Советот на општина Кочани

Роден е на 2 октомври 1964 година, во Кочани.

Дипломира на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на Институтот за географија. Работи како професор по географија во ООУ „Никола Карев“ – Кочани.

Во повеќе проекти бил обучувач на наставници за примена на ИКТ во наставата, за унапредување на наставата (ПЕП), за примена на Едубунту, како и за примена на стандардите за оценување. Бил ментор на наставници по географија и примена на ИКТ во наставата и надворешен соработник во Бирото за развој на образованието во изготвување на наставни програми за проекти од граѓанско образование.

Бил секретар на  ПСД „Осогово“- Кочани, член на Управен Одбор на ЈЗУ,,Здравствен дом,,-Кочани и член на претседателството на Македонско географско друштво.

Учесник е на повеќе меѓународни конференции.

Член е на  Нова социјалдемократска партија и претседател на кочанскиот огранок  од 2009-2013 г.

Член на Советот на Општина Кочани од 2013 г. и член на комисиите за  комунални работи, за образование, спорт и култура и за прекугранична соработка.

e-mail: sasko.stefanovski@kocani.gov.mk