• pelince cover
  • prvomajski mars
  • tito-slider
  • mk eu
  • slide1

Кој може да биде член на НСДП?

2.Членство

Член 6

Во НСДП може да се зачлени секој полнолетен граѓанин-државјанин на Република Македонија, кој доброволно ќе потпише пристапница за членство во Партијата и кој ги прифаќа одредбите од овој Статут и од Програмата за работа. 

Член 7

Членот на НСДП ги има следниве права и обврски:

-да учествува во утврдувањето и остварувањето на политиката на Партијата;

-самостојно да преземаиницијативи што не се спротивни на овој Статут и на основните програмски и политички ставови на Партијата;

-да избира и да биде избиран во сите органи на Партијата;

-да бидеинформиран за активностите на Партијата;

-дабиде кандидат на партиските листи за парламентарните, претседателските и локалните избори;

-својата активност да ја извршува во согласност со овој Статут;

-редовно да ја плаќа членарината и ако сака, да дава прилози и други облици на помош во рамките на своите можности;

-членот има право да го издвои своето мислење по определено прашање и врз основа на изнесени аргументи да инсистира другите да го прифатат неговото мислење. Ако не успее да се избори за прифаќање нанеговото мислење односно став, членот на НСДП има право да придобива свои приврзаници и внатрепартиска поддршка за определеното прашање, при штое потребно да подготви платформа за дејствување, согласно програмските определби на НСДП.

Член 8

Членувањето во НСДП престанува со напуштање на Партијата, со поднесување писмена изјава за истапување или со утврдување на престанокот на неговото членство.

Членството во Партијата престанува во случај на:

-утврдено истовремено член ување во друга политичка партија регистрирана  на територијата на Република Македонија;

-доколку како пратеник во Собранието на Република Македонија, градоначалник, советник од редовите на НСДП или избран функционер во извршната власт не дејствува во согласност со Програмата и Статутот на Партијата;

-доколку со своето однесување и работење го урива угледот на Партијата;

-доколку со своето политичко дејствување работи спротивно на Статутот и Програмата на Партијата.

Одлука за утврдување на престанок на членството во Партијата донесува Извршниот одбор на општинската организација или Извршниот одбор на Централниот одбор на Партијата.

Одлука за утврдувањена престанок на членството во Партијата за членови на Централниот одбор на НСДП, неговиот Извршен одбор, за членови на Парламентарната група и за членови во извршната власт донесува Централниот одбор на НСДП.

Одлуката задолжително му се доставува на членот во писмена форма. Членот за кого Извршниот одбор на општинската организација на НСДП  констатира дека му престанува членството има право на жалба во рок од 15 дена до Централниот одбор на НСДП, чија одлука е конечна.

Членот за кого е утврдено дека му престанува членст вото од страна на  Централниот одбор на НСДП, има право на жалба во  рок од 15 дена до Надзорниот одбор на НСДП, чија одлука е конечна.

Член 9

Во активностите на НСДП можат да учествуваат и партиски неопределени лица-симпатизери на Партијата, кои можат да присуствуваат и на седници на органите и во работните тела на Партијата, но без право на одлучување и безактивно и пасивно бирачко право.