Администрацијата под жесток притисок од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

22 март, 2014

Соопштение за медиумите и јавноста:

nsdp-logo

Стилот на владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со закани, уцени, притисоци, поткуп, деновиве уште посилно го гледаме на дело.

Не престануваат потценувањата и притисоците врз жителите на Пустец и Мала Преспа за обезбедување на сигурни гласови, терајќи ги двојно да гласаат, и во Македонија, и во Тирана како дијаспора.

Вршат жесток притисок и врз администрацијата, школи, општини, јавни установи, министерства и агенции сите со ред имаат добиено налог, од прв до последен да го следат Иванов во кампањата, а најпонижувачкиот чин за нив е притисокот да присуствуваат на митингот во Охрид во понеделник.

Ги малтретираат административците да ставаат лајкови за подршка на ВМРО-ДПМНЕ, во кампањата да го придружуваат човекот кој себе си се нарекува претседател на државата, а врши должност портпарол на владата и да обезбедуваат од 15 до 20 сигурни гласачи на партиските списоци.

Во сите нормални демократски општества администрацијата е столбот на државата, а во Македонија Груевски администрацијата сака до крај да ја потчини и од неа да направи верен слуга.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство