ВО ИЗЈАВА ЗА УТРИНСКИ ВЕСНИК: Тито Петковски му кажа збогум на Собранието

20 март, 2014

Изјава за дневниот весник „Утрински весник“ на лидерот на НСДП, Тито Петковски:

tito utrinski(Дел од текстот пренесен во дневниот весник „Утрински весник“)

Лидерот на НСДП ја отфрла можноста да биде на листите за пратеник на опозицискиот фронт. СДСМ ги финализира разговорите со помалите коалициски партнери

Новинар: Наум Котевски

„Нема да се кандидирам за нов пратенички мандат“, ја разреши денеска дилемата во изјава за „Утрински весник“ лидерот на НСДП, Тито Петковски, околу тоа дали има амбиција да биде дел и од осмиот парламентарен состав.

„Мојата приказна со Собранието заврши на 24 декември 2012 година, кога беше погазена демократијата и достоинството на пратениците. Оттогаш не се ни појавувам на седниците“, вели Петковски, кој во името на својата партија деновиве ги води преговорите со раководството на СДСМ за распределбата на мандатите внатре во опозицискиот фронт.

Петковски, кој е апсолутен рекордер во должина на пратеничкиот стаж, бидејќи во собраниските клупи или на спикерското место поминал вкупно 23 години, не сакаше да открие како неговата партија се позиционирала во разговорите и дали ќе побара четири добитни места на листите како на предвремените парламентарни избори во 2011 година.

Во последниот парламентарен состав освен Петковски, НСДП ја претставуваа и Горан Мисовски, Соња Мираковска и Николче Ацевски. Според нашите информации, сите тројца имаат амбиција за уште еден пратенички мандат. За тоа кој дефинитивно ќе влезе во игра за место во Собранието ќе одлучи централното раководство на партијата откако ќе ги добие сите листи на кандидати од општинските организации на кои, според извори од НСДП, би требало да фигурираат 20-ина имиња.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство