НСДП ОДБЕЛЕЖА 15 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО

Пандемијата со корона вирусот не принуди својот социјален, а со тоа и политичкиот живот, да го промени и поставиме во рамки кои физичките контакти ги редуцирааат. Но тоа не е пречка јавноста да ја потсетиме дека НСДП денес одбележува 15 години од основањето, симболичен ден за партијата на кој нејзините членови се потсетуваат на почетоците, на пријателствата кои се градеа и развиваа, на политичките битки кои партијата ги водеше, на победите, но и на поразите. Низ овие години НСДП политички созреваше, оставајќи длабок белег на политичката сцена во Северна Македонија.

Ентузијазмот со кој истапи на политичкиот простор во 2005 година постави цврст темел на партијата, на кој таа се градеше и развиваше преку демократичност  и отвореност за нови идеи, луѓе и иницијативи. Веќе 15 години низ визијата на модерната социјалдемократија успешно мобилизираме енергија за промени во општеството. Европските перспективи се нашиот визир низ кој ја гледаме идината на државата. Во сите критични моменти низ кои поминавме изминативе 15 години, покажавме созреаност за националните интереси и изграден сензибилитет за тоа што е добро за граѓаните, за идните генерации. Кога државата се наоѓаше на тестот на историјата, секогаш одлучувавме да бидеме на страна на западно-европските перспективи, нашиот избор секогаш беа вредностите на демократија, човековите права и слободи. Одлучни бевме во отфрлањето на ретроградните политички наративи, закоравени во минатото и националистичките митологии, кои се закнуваа да ја втурната земјата во изолација и поделби.

Активно учествувавме во сите процеси кои значеа безбедност и сигурност за идните генерации, кои доведоа до полноправно членство на земјата во НАТО.   Секогаш бевме силни поддржувачи на сите реформски политики кои државата ја водеа поблиску до портите на Европската Унија. Дел сме од владејачката структура која успеа да ги задоволи сите формални критериуми и барања за отпочнување на преговори со ЕУ, но за жал, политичките „духови“ од раниот 20-ти век на Блаканот се уште опстојуваат. Но тоа како политичка партија не не обесхрабрува, не дозоволуваме на иднината да гладеме од перспективи на минатотот, туку напротив, одважно продолжуваме да се бориме за европските вредности и стандарди во животот на нашите сограѓани и државата.  Колку и да ни изгледа неправедно тоа што ЕУ во однос на Северна Македонија се „блаканизира“,  не смееме да западне во национална апатија. Да се одважиме, да се мобилизираме, Северна Македонија да ја европеизираме.

НСДП продолжува по патот по кој веќе 15 години чекори, ќе дејствуваме и ќе се бориме, ќе покажеме дека во политичкиот живот не може да постојат граници, точки на застој, во  промовирањето на идеи за тоа како животот на граѓаните може да се направи подобар, поудобен, поправеден и социјално поеднаков.

Најново

Трајковски за „Фактор“: Со отчетност и одговорно работење може да го изградиме секој капитален проект во државата

Петковски: Договорот Заев – Мицкоски е пред едно огромно минско поле кое што се нарекува Собрание – никој не може да очекува што и каде ќе експлодира

Трајковски: Предложивме измени на Законот за домување за решавање на проблемите со станбеното домување и диво вселените лица

ПЕТКОВСКИ ЗА ТВ 24: ПОТЕГОТ НА ЗАЕВ Е ЗА ПОЧИТ ВО УСЛОВИ НА ЛОШИ МОМЕНТИ НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА

Петковски за бугарската ТВ Европа: Историските прашања не смее да бидат дел од преговарачката рамка за ЕУ

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП