УЧЕСТВО НА ЗАМЕНИК-ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА СОБРАНИЕТО МИЛКОВСКИ НА Е-КОНФЕРЕНЦИЈА

5 октомври, 2020

Заменик-генералниот секретар на Собранието, Мики Милковски, денеска учествуваше на Е-конференција на тема: „Отворено владино партнерство – дијалог за Националниот акциски план 2021-2023“.

Онлајн конференцијата беше во организација на Министерството за информатичко општество и Отвореното владино партнерство на Република Северна Македонија, а свои воведни обраќања покрај заменик-генералниот секретар Милковски, имаа и: министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири; генералниот секретар на Отвореното владино партнерство, Пол Масен; како и националната координаторка за Отвореното владино партнерство, Гордана Гапиќ-Димитровска.

Заменик-генералниот Милковски во своето воведно обраќање изрази чест и задоволство за учество на Конференцијата и во име на претседателот на Собранието, Талат Џафери и генералната секретарка, Цветанка Иванова, пренесе срдечен поздрав и посака успешна работа.

Тој истакна дека вклучувањето на Собранието во Партнерството за отворена власт е нов квалитет во работата и е во функција на градење на институцијата како вистински храм на демократијата и претставнички орган на граѓаните.

Милковски се осврна и на сработеното во мандатниот период 2016-2020 година, каде раководството на Собранието за првпат ги дефинираше стратешките цели на институцијата преку донесување на Стратешки план за периодот 2018-2020 од страна на Буџетскиот совет, а за клучни стратешки цели беа поставени: Функционална парламентарна демократија; Отворен парламент; Проактивна парламентарна дипломатија; Безбеден парламент и Модерни и ефикасни услуги и независна собраниска служба.

Исто така, тој го претстави и донесениот Акциски план на Собранието на Република Северна Македонија кон целите на Отвореното владино партнерство, кој содржи три теми: Одговорност, Подобрена ИКТ инфраструктура и Учество на граѓаните и пет заложби.Она што го потенцираше заменик-генералниот е дека се развива институционалната свест кај вработените во службата и избраните и именувани лица за потребата од повисок степен на отвореност на институцијата и придобивките од истата.

На крајот од говорот, посочи дека во идниот период соочувајќи се со ковид пандемијата, треба да се размисли како институциите ќе ги унапредуваат активностите за отвореност и транспатентност и како ќе се прилагодат на новата состојба.

Конференцијата се одвиваше во две сесии: Во рамките на Првата сесија, присутните разменија мислења и искуства на тема: Кои се придобивките од процесот на ОВП и зошто е важна вклученоста во овој процес?, додека во Втората сесија се осврнаа на тоа: Кои се чекорите за подготовка на Акцискиот план за ОВП 2021-2023 и на кои приоритетни области ќе се работи?

Учесници на Е-конференцијата беа и претставниците од граѓанските организации, Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година.

На крајот, следеа сумирања од Е-конференцијата, како и најава на следни чекори.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство