Мисовски: Оваа Влада ќе трае, следува период на трансформација и европеизација на државата

Говор на потпретседателот на НСДП и пратеник во Собранието г.Горан Мисовски на седницата за избор на Влада на Република Северна Македонија

Благодарам  претседателе. Инаку истото ова ви го кажа и господинот Јанушев, не знам дали приметивте. Сте приметиле сигурно, но ми е драго што ВМРО ДПМНЕ конечно го призна на легитимен начин избран претседателот на Собранието како што впрочем беше и 2016 година. Почитувани колеги пратеници, господин мандатар, кандидати за министри. Дозволете ми на почетокот да се заблагодарам на сите граѓани на нашата држава кои што го дадоа гласот за коалицијата Можеме а особено во изборната единица еден и на моите сограѓани, пријатели, другари, особено во центарот во центарот на Република Северна Македонија  каде што тандемот Димитров – Царовска ги декласираше  тандемот Силјановска – Мицковски. Е тоа е Титаник господине млад пратеник од Штип.

Господине Заев, од народот добивме шанса да продолжиме со реформите, да  продолжиме со процес на реформи, кој што ги ветивте и денес во програмата и тоа граѓаните го очекуваат и заслужуваат. Јас очекувам дека во наредниот период ќе се одвиваат два паралелни процеси. Едниот процес за кој што сега говорев, и вториот процес конечна демократизација на ВМРО ДПМНЕ. Тука не мислам на кадровската политика. Тоа си е прашање на политичката партија. Немам намера тоа да го дискутирам но мислам во идеолошкиот дел пред се класичен национализам, веќе неприфатлив во 21-от век и мислам дека тоа како процес ќе се случува, повторувам не мислам на кадровската политика особено во делот  каде што конечно очекувам дека  ВМРО ДПМНЕ ќе се произнесе за  нашиот евроатлантски пат, исто така очекувам званичен став од партијата околу промената на уставното име Република Северна Македонија. И ВМРО ДПМНЕ го поддржува патот кон Европа и НАТО или ќе продолжи да тоне во националистичка политика која што велам не е својствена за 21-от век. Македонија со Заев е црна точка во Европа, неспособноста и неодговорната власт на Заев, потфрла на сите можни полиња. Ова е изјава на господинот Мицковски и тоа го споменува постојано. И јас реков господине Заев дали е така. На 13 септември 2018 година во Стразбур во Европскиот парламент вие сте првиот премиер кој што проговори на македонски јазик. И за ова говорев во минатиот состав и јас ви тврдев дека  ВМРО ДПМНЕ им е криво таа слика која што не ја гледаа не е спроведена од нивната политика, туку тоа го направивте лично вие и тие кои што вас ве поддржуваме. Впрочем заради тоа добивте огромна поддршка од мнозинството граѓани. Ве цитирам: за нашиот македонски народ ова е историски момент за прв пат еден премиер на нашата држава да одржи говор пред Европскиот парламент на својот мајчин јазик. Тоа се ваши зборови. Ако се ова црнилата на Мицковски, веројатно има шанси да се поправи. 27 март 2020 година Северна Македонија станува 30-та полноправна членка на Северно Атлантската алијанса. Нешто што беше децениски сон на нашиот народ. На 30 март знамето на Република Северна Македонија  беше кренато пред седиштето на НАТО во Брисел во командата на сојузничките сили  за операции во Шапе Монс и команда на сојузничките сили за трансформации во Нофрог Вирџинија, каде што нашето македонско знаме е рамноправно со сите други 29 знамиња. Станавме членка на најмоќниот сојуз, станавме пријатели  со најбогатите и најмоќните држави во светот. Одам понатаму. Додека е Заев премиер ние нема да добиеме датум за преговори. Тоа впрочем беше став на Мицковски и на ВМРО ДПМНЕ и тоа во континуитет го повторуваа. Цитирам: и изјава на Мицковски на митингот во Крива Паланка но и став преку соопштение на ВМРО ДПМНЕ. Не само во јуни, не па во јули, нема никогаш да добиеме датум за преговори, ниту пак Македонија има Евро атланска иднина со политиките како Зоран Заев . Повторно од тие квази замислени црнила. Но што се случи, Советот за општи работи на ниво на министрите за европски прашања на Европската Унија  и покрај вонредните околности предизвикани со ситуација до Корона вирусот донесе одлука за почеток на преговорите со Република Северна Македонија  и оддаде признание за досега сработеното. Ако се ова црнила тогаш не знам што е тоа што е бело.

Ај да видиме малку во делот на економската политика и она што се вели нормално човечко живеење, секојдневица. Минималната плата во 2016 година била 9000, во наше време 2017 – 2020 Програмата 14.500. Нова црнила. Просечната плата во 2016 била 22.445 сега е 27.540. Што е тука црно а што е бело? Стапката на невработеност во 2016 била 24% сега е 16,2%.Повторно околу црното и белото  може да коментираме. Корисници на детски додаток. 3200 деца, сега 40.000 дечиња добиваат повторно околу црното и белото. Просечната пензија во 2016 била 12.432 денари сега е 15.500. Не знам кој во кој дел и Мицковски и официјално партијата гледа црнила. Стварно не знам веројатно некој ќе се охрабри да ни даде образложение. Стечајните работници решивме 12000 стечајни работници. Од нас добија социјална сигурност, од ВМРО ДПМНЕ добија пендрек. Се сеќавате, протестираа тука пред зградата на Собранието. Врхушката  на ВМРО ДПМНЕ им прати полиција. Зошто? Затоа што не смееле да го вознемируваат Груевски. Сега нешто сакам да проговорам околу, бидејќи го гледам министерот за здравство околу пандемијата предизвикана од Ковид-19. Јас сум бил пратеник повеќе години овде како пратеник од опозицијата, сме имале многу дебати, на различни теми, но нешто што како човек кој што се занимава со политика во ниту една варијанта ми е неприфатливо партијата да мотивира лекари на прес конференција, да ги напаѓаат нивните колеги и министерот за нешто што целиот свет, најголемите умови, професори, академици, се уште не можат да најдат решение околу пандемијата. Еднакво добри и едните и другите. И добро беше што претходната влада предводена од Заев, министерот за здравство силно притискала овде во Собранието да ги донесеме сите закони со кој што на медицинскиот кадар ќе им го подобриме статусот, и биле во право, и биле во право и заради тоа Република Северна Македонија  успешно се справуваше со Ковид кризата. Значи ќе повторам уште еднаш. За мене е срамно и неприфатливо да одиш на работа, да бидеш на првата борбена црвена линија кај што имавме наплив на пациенти, да ги лечиш заедно со колегите од другата страна условно кажано не смееме да ги делиме и после  тоа попладне на прес конференција да кажеш јас сум подобар од мојот колега а еднакво се добри и едните и другите. Еднакво помагаа на болните и едните и  другите и затоа министре ви честитам на вас и на владата кои што секако успешно се справуваа со Ковид кризата. Она што  исто така ми е неприфатливо да ги пребројуваме мртвите од било која страна и од едната и од другата страна, тоа е срамно, тоа не е добро, тоа не смееме да го правиме. Јас сум убеден дека и овој проблем ќе го надминеме. Јас сум убеден дека и министерот и Владата и ние како Парламент ќе стоиме на браникот со се што е возможно од законски проект да помогнеме и на Владата и  на министерот да ја заврши оваа пандемија.

И на крајот, бидејќи ми истекува времето, господине Заев, Вие знаете многу често, да дадам еден малку поинаков тон на крајот, многу често знаете да се нашалите за нешто за што ВМРО ДПМНЕ не се во право, велите, мало сутра. Оваа Влада ќе трае, мало сутра дека ќе падне вендаш, четиригодишниот мандат ни обезбеден. Благодарам

Најново

ИНТЕРВЈУ Бошковска-Јанковски: Со новиот портал на Централниот регистар креиравме отворени податоци

Интервју на Тито Петковски за бугарската ТВ Европа: Каков политички симбол е 11 Октомври за Северна Македонија?

Избрано ново раководство на НСДП во општина Карпош❗

ДЕЛЕГАЦИЈА НА НСДП ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕН-КОСТУРНИЦА ВО КУМАНОВО ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ „11 ОКТОМВРИ“

УЧЕСТВО НА ЗАМЕНИК-ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА СОБРАНИЕТО МИЛКОВСКИ НА Е-КОНФЕРЕНЦИЈА

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП