Кирил Гајдов претседател на ОО на НСДП Велес избран за Претседател на Советот на општина Велес

Членовите на Советот на Општина Велес, на вчерашната 61 седница со мнозинство гласови, го избраа 47 годишниот Kирил Гајдов за нов претседател кој доаѓа на местото на новиот пратеник Ненад Коциќ.

Гајдов е дипломиран правник и претседател на Општинската организација на НСДП во Велес која е во коалицијата на СДСМ. Тој е сопственик на приватна фирма, веледрогерија со 22 вработени. Зад себе има веќе еден мандат во Советот, а овој избор за претседател е во неговиот втор мандат во Советот на Општина Велес.

По изборот потенцира дека како претседател на Советот на Општина Велес ќе работи на подобрување на условите за сите граѓани во Општина Велес.

– Ќе се залагам за подобри услови и подобар живот, за спроведување на платформите и програмите и ќе работам тимски. Ќе соработувам со сите и нема никакви предрасуди кон никого. Родово сум сензитивен и признавам права на деца, на жени, на инвалиди и на лица со посебни потреби. Секој има право на живот, потенцира Гајдов.

За Општина Велес вели дека како претседател на Советот приоритет ќе му биде дореализација на Програмите што се донесени за оваа година. Воедно потенцира дека би сакал во следниот буџет кој ќе го донесе Советот за 2021 година да бидат што повеќе ставки за подобрување на условите за спорт, за култура и да заживее повторно театарот, а на музички план Велес да си го врати својот поранешниот сјај како што бил низ годините наназад.

– Како роден велешанец посакувам сè најдобро за мојот Велес кој неизмерно го сакам, затоа и тука живеам и создавам и тука е моето семејство пријателите и моите сограѓани. Затоа сакам и ќе направам се најдобро за мојот и нашиот  за Велес, за да му го вратам некогашниот сјај и живот, потенцира Гајдов.

Повеќе на сајтот на Слободен печат ТУКА

Најново

ИНТЕРВЈУ Бошковска-Јанковски: Со новиот портал на Централниот регистар креиравме отворени податоци

Интервју на Тито Петковски за бугарската ТВ Европа: Каков политички симбол е 11 Октомври за Северна Македонија?

Избрано ново раководство на НСДП во општина Карпош❗

ДЕЛЕГАЦИЈА НА НСДП ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕН-КОСТУРНИЦА ВО КУМАНОВО ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ „11 ОКТОМВРИ“

УЧЕСТВО НА ЗАМЕНИК-ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА СОБРАНИЕТО МИЛКОВСКИ НА Е-КОНФЕРЕНЦИЈА

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП