Петковски: Најголемите придобивки од Охридскиот рамковен договор се мирот, стабилноста, да нема воени дејствија

13 август, 2020

Изјава за Радио Слободна Европа на претседателот на НСДП и поранешен претседател на Собранието г.Тито Петковски:

Пред деветнаесет години, на 13 август 2001 година, во претседателската резиденција на Водно во Скопје беше потпишан Охридскиот рамковен договор. Договорот стави крај на воениот конфликт и ги смири меѓуетничките односи во земјата. Истиот ја ужива поддршката од Меѓународната заедница и од поголем дел од партиите од македонскиот и албанскиот политички блок, како рамка за развој на државата.

Деветнаесет години по потпишувањето на договорот со кој се стави крај на воениот конфликт во 2001 година, мислењата за тоа дали тој ја постигнал својата цел во однос на реализацијана обврските што произлегуваат од него, остануваат поделени.

Договорот несомнено донесе мир, велат дел од искусните политичари и аналитичари, но перцепцијата на албанските политички партии е дека договорот останува отворен за нови барањаи негово проширување, вели поранешниот собраниски спикер Тито Петковски.

„Ако една од најголемите придобивки од договорот е мирот, стабилноста, да нема воени дејствија, останатото според политичките партии од албанскиот кампус остана како обврска, како еден вид можност постојано да пенетрираат со нови барања преку тој договор за кои мислам дека немаат смисла. Значи, позитивната улога на договорот беше имплементацијата на мирот, но сега гледам дека за кое било прашање ако не им се одговори позитивно од другата страна на Владата постојано бараат проширување на договорот, што е непринципиелно и претставува непочитување на партнерите кои учествуваа во потпишувањето на договорот“вели Петковски.

Повеќе на: Радио Слободна Европа

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство