НСДП до граѓаните: Излезете на 15 јули и учествувајте во носењето на големата одлука да продолжиме напред

Изминативе три ипол години успеавме да отвориме нова страница во историјата на државата, се надминаа билатералните спорови со соседните земји, станавме полноправна членка на НАТО, на чекор сме од почнување на претпристапни преговори со ЕУ.

Важни и големи одлуки за идните генерации, иднината на државата е поставен на цврсти темели, безбедност, просперитет и развој стојат пред граѓаните.

Започнавме со возобновување на демократијата која цела деценија беше девастирана од едно злосторничко здружение. Слободата и правдата ги поставивме на политичкиот пиедестал, борбата против криминалот и корупцијата ја започнавме и мораме да ја завршиме.

Влогот за граѓаните кој го направивме е премногу голем за изборот на 15 јули да биде да се остане дома. Не излегувањето на гласачките места ќе значи дополнителна шанса се што е постигнато и започнато да биде турнато во провалија од страна на делегитимирана политичка групација која безмилосно ја пустошеше земјата и во моментот е со мислите во Будимпешта. Да не заборавиме, ВМРО-ДПМНЕ е политичката партија која ја погази парламентарната демократија и посегна по животите на дел од пратениците во Собранието на 27 април 2017 година. Тоа е нивната понуда, спас за криминалците и по цена на нечиј живот.

НСДП ги повикува сите граѓаните на 15 јули да излезат на гласачките места и да земат учество носењето на големата одлука да продолжиме напред. Гласањето е безбедно, со строго почитување на утврдените протоколи вашето здравје и здравјето на блиските на денот на гласањето ќе биде заштитено.

Најново

Тито Петковски: Барањето на ДУИ премиер да биде Албанец е обид Зоран Заев да се делегитимира, но и обид да се воведе друг општествен систем

Петковски: Најголемите придобивки од Охридскиот рамковен договор се мирот, стабилноста, да нема воени дејствија

Петковски: Политичките партии коишто учествуваа на изборите мора да најдат начин како во рок од тие 20 дена да се конституира Собранието, односно да ги почнат на време своите преговори

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА СВЕЧЕНОТО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 2 АВГУСТ – ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Потпретседателот на Собранието г.Мисовски положи свежо цвеќе во знак на почит и сеќавање на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП