Трајковски: По 15 јули одлучно продолжуваме да градиме иднина за младите

11 јули, 2020

„На 15 јули одлучуваме да продолжиме цврсто по патотот на кој тргнавме пред три години, патот кој води кон развиена економија, со повеќе пари за граѓаните, со стабилни институции, реформи на правосудството, кон побогата и просперитетна земја кој младите генерации ќе ја препознаваат како свој дом кој им пружа шанса за усовршување и напредок, а не како туѓина од која сакат да избегаат“ , порача на средба со членови на НСДП во Кавадарци, Кристијан Трајковски, шеф на Централниот изборен штаб и Организациски секретар на партијата.

Тој истакан дека само преку економски патриотизам на создавање на нови и добро платени работни места, преку конкурентни услови за отпочнување и водење на бизнис, може да се амортизира демографскиот притисок кој го создава иселувањето од земјава.

„Изминативе години испорачавме реални ефекти во сите сфери на нашето живење, квалитетот на животот се подобри, економијата растеше, невработеноста се намалуваше, но тоа треба сега да го зачуваме, а по 15 јули уште повеќе да го унапредиме. Не смееме да дозволиме ова да биде прокоцкано од неодговорни политичари кои демнеат над државата , чекајки шанса повторно да ги заријат своите канџи“, рече Трајковски.

Тој истакна дека на во оваа предизборна кампања проследена со епидемија членовите на НСДП покажаа достоинствено и одговорно однесување кое во ниту еден момент не го доведе во прашање нивното здравје или здравјето на граѓаните.

„Во моментов имаме власт која покажа капацитети за справување со епидемијата и затоа нема причина било кој да се плаши на 15 јули да излезе на гласачките места и на сосема безбеден начин да учествува во носењето на големата одлука за државата“, истакна Трајковски пред сопартијците од Кавадарци.


НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство