Трајковски: Да не дозволиме со седење дома на 15 јули да пропаднеме во амбисот на национализмот и етничките поделби

„Коалицијата „Можеме“ е сојуз на прогресивни политички партии кои државата ја туркаат напред, кои ги решија стратегиските прашања и ги поставија на цврст темел институциите на системот, затоа да не дозволиме со седење дома на 15 јули сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ за втурнување на земјата во амбисот на национализмот и етничките поделби да станант реалност. Да ги повикаме граѓаните да излезат на гласање и заеднички да ја потврдиме победата“, порача на трибината на НСДП во Битола, Кристијан Трајковски, шеф на Централниот изборен штаб и Организациски секретар на партијата.

Трајковски нагласи дека изминативе три години премногу е направено за државата, за граѓаните, вложена е огромна енергија, знаење и умешност за да се постави на вистинскиот колосек.

„Меѓуетничките односи се зацврстија, граѓанскиот концепт стана доминантен. Со членството во НАТО стекнавме стабилност и безбедност, кои ќе ги уживаат и идните генерации. Пред портите сме за полноправно членство во ЕУ, до крајот на годината очекуваме да ги отвориме и првите поглавја од преговорите. Сето ова е влог за идните генерации и мора тој да го сочуваме, да не дозволиме да биде одземен од политички структури кои со своите мисли и срца се во Будимпешта“, порача Трајковски.

Тој оцени дека епидемијата на корона вирусот покажа дека со државата раководи одговорна власт, која има идеи и капацитети да ги моделира институциите на системот и во кризни времиња.

„Со најавите за нов бран на корона вирусот, овие квалитети ќе треба дополнително да се развиваат, затоа за државата престојат премногу сериозни времиња за да биде препуштена да се раководи од лица кои не ги почитуваат елементарните мерки за заштита и спречување на ширење на заразата, кои во пикот на епидемијата се кријат по кафеани и фитнес клубови. Тоа се неодговорни политичари за здравјето на граѓаните да биде препуштено во нивни раце“, порача Трајковски.

#МОЖЕМЕ #НСДП Гласај за број 3️⃣

Најново

Петковски за ФОКУС: Заев сака да ја надмине блокадата, но Бугарија тешко ќе попушти пред изборите

Маневски и Јаќимовиќ на свечена седница за доделување на 11 ноемврсиките награди по повод Денот на ослободувањето на Куманово

НСДП-КУМАНОВО: По повод одбележувањето на 11 Ноември -Денот на ослободувањето на градот Куманово претставник на НСДП положи свежо цвеќе

НСДП ПРИЛЕП: Положување на свежо цвеќе по повод 3 Ноември, 76-годишнина од ослободување на Прилеп

ИНТЕРВЈУ Бошковска-Јанковски: Со новиот портал на Централниот регистар креиравме отворени податоци

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП