Мираковска од Прилеп: Ги остваруваме стратешките интереси, членка сме на НАТО, почнуваме преговори со ЕУ

„Да се зборува во Прилеп е голема обврска пред оние кои ја имаа визијата и за оние кои го положија својот живот да имаме слободна, стабилна и безбедна земја“, порача вчера Соња Мираковска, потпретседателка на НСДП и носителка на листата за пратеници од коалицијата „Можеме“ во четвртата изборна единица.

Пред граѓаните Мираковска истакна дека денес членството во НАТО е реалност, а дека наскоро започнуваме преговори и со ЕУ со што се заокружуваат нашите стратешки определби.

„Денес можеме гордо да кажеме дека одлуката да започнат преговорите со Европската Унија е донесена и тоа ќе биде многу скоро и ние ќе ги отвориме поглавјата, ќе разговараме како нашето законодавство да го приближиме со европското, како да одговориме на нивните барања, како многу брзо да стигнеме таму каде што ни е местото, во европското семејство. До 2024 година планираме над 80% од преговорите да бидат веќе завршена работа со затворени поглавја“, истакна Мираковска.

Мираковска порача дека граѓаните кој носи напредок и интеграција, затоа на 15 јули масовно ќе ја подржат коалицијата „Можеме“ и ќе гласаат за бројот 3.

Најново

Тито Петковски: Барањето на ДУИ премиер да биде Албанец е обид Зоран Заев да се делегитимира, но и обид да се воведе друг општествен систем

Петковски: Најголемите придобивки од Охридскиот рамковен договор се мирот, стабилноста, да нема воени дејствија

Петковски: Политичките партии коишто учествуваа на изборите мора да најдат начин како во рок од тие 20 дена да се конституира Собранието, односно да ги почнат на време своите преговори

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА СВЕЧЕНОТО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 2 АВГУСТ – ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Потпретседателот на Собранието г.Мисовски положи свежо цвеќе во знак на почит и сеќавање на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП