Трајковски: НСДП ќе се бори за независно судство кое ќе може да ја контролира извршната власт

„Како искрен сојузник на демократијата и промотор на принципот на владеење на правото НСДП во идната влада, формирана од коалицијата „Можеме “,  ќе се бори за воспоставување на реални и независни капацитети на судскиот систем за контрола над работата на извршната власт, рече денес пред дел од членовите на НСДП во Тетово, Кристијан Трајковски, шеф на Централниот изборен штаб и Организациски секретар на партијата.

На почетокот од состанокот со едноминутен молк беше оддадена почит на прерано починатиот претседател на општинската организација на НСДП во Тетово, Горан Чавдаровски.

Трајковски истакна дека правосудниот систем во една демократија не може да биде подреден на паритиско-политички пазарења со цел избегнување на одговорност на одредени моќници.

„Во Северна Македонија конечно ќе има правда само тогаш кога обвинителите и судиите ќе престанат да одлучуваат во полза на политичарите, а тоа ќе биде можно само доколку се избираат транспарентно и во строго пропишана процедура, преку која ќе може да се изберат креативни и принципиелни поединци, способни, на морален план доблесни луѓе, кои ќе бидат подложени на целосна проверка на нивната стручност и компетентност. Тоа е позиција на НСДП која ќе ја застапува во идната влада“, порача Трајковски.

Тој ги повика членовите на тетовскиот општински огранок на партијата да продолжат со десегашните активности на промовирање на програмските позиции помеѓу граѓаните како на колицијата „Можеме“, така и на НСДП.

Организацискиот секретар како дел од денешните теренски активности во шестата изборна единица ја посети и општинската организација на НСДП во Гостивар, каде со членовите и симпатизерите на партијата разговараше за текот на предизборните активности и нивната вклученост во промовирањето на коалицијата „Можеме“. По средбата во општинската организација, Трајковски заедно со дел од членовите се упатија на централната трибина на коалицијата „Можеме“, која вечерва се одржа во Гостивар.

Најново

Тито Петковски: Барањето на ДУИ премиер да биде Албанец е обид Зоран Заев да се делегитимира, но и обид да се воведе друг општествен систем

Петковски: Најголемите придобивки од Охридскиот рамковен договор се мирот, стабилноста, да нема воени дејствија

Петковски: Политичките партии коишто учествуваа на изборите мора да најдат начин како во рок од тие 20 дена да се конституира Собранието, односно да ги почнат на време своите преговори

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА СВЕЧЕНОТО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 2 АВГУСТ – ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Потпретседателот на Собранието г.Мисовски положи свежо цвеќе во знак на почит и сеќавање на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП