Мисовски: Од оваа влада стечајците добија социјална сигурност, од претходната–пендрек!

Политичките партии од коалцијата „Можеме“ изминативе три години покажаа што значи да се води грижа за социјалните потреби и проблеми на граѓаните. Додека ВМРО-ДПМНЕ им „делеше“ пендреци на стечајците во 2014 година, кога протестираат за своето право на егзистенција, оваа Влада го реши нивниот проблем, 12.000 стечајци добиваат по 8.000 денари месечно, а насокоро и домашна платежна картичка во вредност од 9.000 денари“ порача потпретседателот на НСДП и кандидат за пратеник во првата изборна единица, при денешната средба со граѓани на информативен штанд на коалицијата „Можеме“ во скопскатата општина Карпош.

Мисовски истакна дека на овие избори, кога станува збор за социјалната поддршка, граѓаните се соочуваат со два спротивставени концепти, едниот кој нуди враќање на парите назад кон нив и другиот кој се грижи за земање пари од нив и враќање на времето кога Груевски проблемите ги решаваше со полициска бруталност.

„Изминативе три години се намалија трошоците за нотари и извршители, се избришаа 10 милиони евра долгови на граѓаните, казните се намалија и до 75%, социјалната помош се зголеми за 300 отсто, се воведе детски и образовен додаток. Оваа граѓаните го почувствуваа, ова се реални резултати на едно одговорно владеење кое има изграден сензибилитет за социјалните потреби и проблеми“, рече Мисовски.

Тој потенцираше дека и кризата со корона вирусот не ги наруши овие политики, туку напротив, истите продолжија во нагорна линија, преку домашната платежна картичка и ваучерот за туризам 28 милиони евра ќе се вратат назад кај преку 324.000 граѓани.

Најново

Тито Петковски: Барањето на ДУИ премиер да биде Албанец е обид Зоран Заев да се делегитимира, но и обид да се воведе друг општествен систем

Петковски: Најголемите придобивки од Охридскиот рамковен договор се мирот, стабилноста, да нема воени дејствија

Петковски: Политичките партии коишто учествуваа на изборите мора да најдат начин како во рок од тие 20 дена да се конституира Собранието, односно да ги почнат на време своите преговори

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА СВЕЧЕНОТО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 2 АВГУСТ – ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Потпретседателот на Собранието г.Мисовски положи свежо цвеќе во знак на почит и сеќавање на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП