Мираковска: Развојна и конкурентна економија фокусирана на младите

„Коалицијата „Можеме“ нуди нова македонска економија која ќе биде развојна и конкурентна, која во фокусот ќе го има младиот човек. За младите луѓе да останат во нашата земја и овде да ја најдат својата иднина, обезбедуваме помош од државата, понатаму продолжуваме со субвенционирање на млади луѓе кои имаат најмалку средно образование до 23 години, 3.000 денари на месечно ниво“, изјави  Соња Мираковска, потпретседателка на НСДП и носителка на листата за пратеници од коалицијата „Можеме“ во четвртата изборна единица.


Мираковска најави дека сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето ќе добијат поврат на персоналниот данок

„Останатите активни мерки кои досега се применуваат за поддршка на млади претприемачи во висина од 5 до 15 илјади евра и понатаму останува. Државата одделува милијарда ипол денари за поддршка на младите, ќе продолжи и понатаму тоа да го прави. Сметаме дека ќе обезбедиме убава иднина, за младата генерација, затоа на 15 јули гласајте за коалицијата „Можеме“, затоа што ние можеме и знаеме како треба да работиме во иднина“, порача Мираковска.

Најново

Тито Петковски: Барањето на ДУИ премиер да биде Албанец е обид Зоран Заев да се делегитимира, но и обид да се воведе друг општествен систем

Петковски: Најголемите придобивки од Охридскиот рамковен договор се мирот, стабилноста, да нема воени дејствија

Петковски: Политичките партии коишто учествуваа на изборите мора да најдат начин како во рок од тие 20 дена да се конституира Собранието, односно да ги почнат на време своите преговори

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА СВЕЧЕНОТО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 2 АВГУСТ – ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Потпретседателот на Собранието г.Мисовски положи свежо цвеќе во знак на почит и сеќавање на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП