Мираковска: Просечна плата од 34 000 денари, минимална од 20 000 денари и повисоки пензии

„Коалицијата „Можеме“ нуди нова и развојна економија која ќе донесе одржливост, која ќе донесе нови технологии, повисоки плати и повеќе работни места. Во следниот период минималната плата ќе ја зголемиме на 20.000 денари, просечната плата ќе порасне на 34 000 илјади денари, тоа ќе донесе и повисоки пензии“, изјави  Соња Мираковска, потпретседателка на НСДП и носителка на листата за пратеници од коалицијата „Можеме“ во четвртата изборна единица.

Мираковска дополни дека најниските пензии ќе бидат зголемени за 21 %.

„Како идна влада ќе ги помогнеме сите жени и млади кои сакаат да се занимаваат со бизнис со грантови кои ќе бидат над 15.000 евра. За таа цел ќе се изградат нови патни делници, нова инфраструктура, 900 километри локални патишта, 240 километри автопатишта и 300 километри експресни патишта“, вели Мираковска.

Потпретседателката на НСДП најави дека владата формирана од коалцијата „Можеме“ ќе ги зголеми субвенциите од 150.000 евра на 200.000 евра на годишно ниво, кои ќе допрат до сите кои се занимаваат со земјоделие, за да го зголемат производството и капацитетот кој во моментот го имаат.

„Сакаме во оваа земја сите граѓани да сметаат дека има место под сонцето за нив, дека идната влада ќе се грижи за сите нив, за тоа на 15 јули верувам дека ќе знаат каков е изборот. Едниот избор е враќање во мрачното минато, враќање во времето на режимот, кога човекот не беше важен. Изборот кој ние го нудиме е човек во центарот на вниманието, држава која се грижи за сите и која не води по вистинскиот пат, а тоа е патото кон ЕУ и дотогаш, додека не ги завршиме сите обврски за да бидеме рамноправна членка, како влада Европа ќе ја донесеме дома“, порачува Мираковска.

Најново

Тито Петковски: Барањето на ДУИ премиер да биде Албанец е обид Зоран Заев да се делегитимира, но и обид да се воведе друг општествен систем

Петковски: Најголемите придобивки од Охридскиот рамковен договор се мирот, стабилноста, да нема воени дејствија

Петковски: Политичките партии коишто учествуваа на изборите мора да најдат начин како во рок од тие 20 дена да се конституира Собранието, односно да ги почнат на време своите преговори

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИСОВСКИ НА СВЕЧЕНОТО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 2 АВГУСТ – ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Потпретседателот на Собранието г.Мисовски положи свежо цвеќе во знак на почит и сеќавање на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година

СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП