Трајковски во Зелениково: НСДП ќе се залага за ослободување на целиот економски потенцијал во земјоделието

5 јули, 2020

„НСДП како политичка партија која е на страна на социјално најранливите категории на граѓаните, како што се и земјодлеците, во новата влада формирана од коалицијата „Можеме“ ќе  се залага за реализирање на мерки и политики кои ќе го ослободат целиот економски потенцијал кој е акумулиран во оваа стопанска  гранка“, порача пред дел од членовите на НСДП во општина Зелениково Кристијан Трајковски, шеф на Централниот изборен штаб и Организациски секретар на партијата.

„Владините политики треба да се насочат кон стимулирање на средни претпријатија кои се занимаваат со примарно земјоделско просиводство и преработка, поттикнување на извозно ориентирното раноградинарско производство, како и стимулирање на органското прозиводство. Ќе предложиме програми со кои во земјоделието ќе почне да се имплементираат најновите научни сознанија од оваа сфера, со цел зголемување на приносите од производството“, рече Трајковски.

На средбата стана збор и за текот на предзиборните активности и вклученоста на членовите и симпатизерите на партијата, при што од страна на Трајковски беше истакнато задоволство од нивото на вклученост на НСДП во сите активности на коалицијата „Можеме“, повикувајќи ги членовите и симпатизерите да го задржат досегашното темпо и мотивација во кампањата.

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство