Мисовски: Преку вистински економски патриотизам до нови рекордни странски ивнестиции

5 јули, 2020

„За двеипол години донесовме една милијарда и 177 милиони евра странски инвестиции, рекордни бројки кои се должат на вистински економски патриотизам. Со свој министер за странски инвестиции, министерката Зорица Апостолска, НСДП партиципираше во креирањето на овој успех. На 15 јули да продолжиме по патот на креирање и спроведување на одговорни и стимулативни економски политики кои од Северна Македонија ќе направат уште по атрактивна дестинација за отпочнување и водење на иновативен бизнис, да го заокружиме идниот мандат со најмалку уште една милијарда странски ивнестиции“, порача потпретседателот на НСДП и кандидат за пратеник во ИЕ1,Горан Мисовски на денешното промовирање на предизборната програма на коалицијата „Можеме“ во општина Карпош.

Мисовски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не знаат што е тоа економски патриотизам, што значи да се има идеја за остварување на стабилен раст кој ќе доведе до повисоки плати за граѓаните.

„Само потсетете се на циркузот што беше со Субрата Рој и кое урнисување на угледот на државата го направија во очите на странскиот капитал. Погледнете како во сред пандемија ВМРО-ДПМНЕ се однесуваше и продолжува да се однесува, додека стопанството е под силен удар и Владата креираше ефективни економски мерки, ВМРО-ДПМНЕ кочеше 90 милиони евра, пари од Светска Банка наменети за медицинска опрема. Тоа е она што тие го знаат, носење на циркузанти како Субрата Рој и кочење на проекти ако не препознаат можност и нешто да украдат“, рече Мисовски

НАШИ ПРИОРИТЕТИ

И трудот е капитал

Вработување

Енергетика

Земјоделство